ҽ

SCATTIDELGIORNO

Папата: Духот нека даде гестови на дијалог и нека ја отвори вратата на мирот

По молитвата Царице небесна, папата Фрањо се осврна на воените сценарија во светот и конкретно ги спомена Украина, Светата Земја и Палестина. Од Светиот Дух моли да внесе хармонија во семејствата, во општеството и меѓу христијаните. Ја спомена и посетата на Верона.

Светиот Дух, кој создава хармонија, нека допре до местата во светот каде што нема мир – посака папата Фрањо денеска, на празникот Духовден, недела 19 мај 2024 година, по пладневната молитва Царице небесна.

На властите нека има даде  храброст да прават гестови на дијалог, кои водат до крај на војните. Денес има многу војни; да се потсетиме на Украина. Моите мисли се особено со градот Харков, кој претрпе напад пред два дена; да се потсетиме на Светата Земја, Палестина, Израел; да се потсетиме на многу места каде што се водат војни. Духот нека ги води одговорните на народите и сите нас да ја отвориме вратата на мирот.

Хармонија во срцата 

Ппред тоа, Папата потсети како Духот успева да создаде хармонија тргнувајќи од различни, понекогаш спротивставени реалности.

Денес, на празникот Духовден, да молиме од Светиот Дух, Љубовта на Отецот и Синот, да воспостави хармонија во срцата, слога во семејствата, слога во општеството, слога во целиот свет. Духот нека го зголеми заедништвото и братството меѓу христијаните од различни конфесии.

Благодарност до жителите на Верона 

Потоа, потсетувајќи се на вчерашната посета на Верона, Римскиот бискуп изрази благодарност за пречекот и наклонетоста на жителите на тој град, а особено ги спомена затворениците од тамошниот затвор.

Уште еднаш ми докажаа дека зад затворските ѕидови пулсира животот, хуманоста и надежта. Од се срце му благодарам на целиот затворски персонал, особено на директорката д-р Франческа Џојени.

„Наскоро ќе ве посетам“ 

На крајот, папата Фрањо ги поздрави ходочесниците од Италија и другите делови на светот, особено поздравувајќи ги оние од Источен Тимор, порачувајќи им: Наскоро ќе ве посетам! На крајот ги спомена и ходочесниците кои пристигнаа од Летонија и Уругвај.

 

20 мај 2024, 09:58

Што е Царице небесна?

Антифонот Царице небеска (Regina Caeli) е еден од четирите маријански антифони (другите се Alma Redemptoris Mater, Ave Regina Coelorum и Salve Regina).

Папата Бенедикт XIV, во 1742 година, ја пропиша офаа молитва да се моли наместо Ангел Господов, како знак за победа над смртта, за време на Воскресното време, односно од неделата на Воскресение до денот на Педесетницата.

Како и Ангел Господов, и оваа молитва се моли трипати на ден: наутро, напладне и на зајдисонце, и на тој начин денот го посветуваме на Бог и на Марија.

Овој многу стар антифон датира, според една побожна традиција, од VI или X век, додека нејзиното распространување е документирано во XIII век, кога станува дел од Фрањевскиот часослов. Молитвата се состои од четири кратки стихови од кои секој завршува со Алилуја, и истата претставува молитва што верниците ја упатуваат до Марија, небесната Царица, и така заедно со неа се радуваме за Воскресението.

Папата Фрањо, на 6 април 2015 година, токму за време на молитвата Царице небесна на вториот ден од Велигден, даде совет за тоа каква треба да биде состојбата на срцето кога се моли оваа молитва:

„ ...Се обраќаме кон Марија поканувајќи ја да се зарадува, бидејќи Оној што го носеше во утробата воскресна како што вети и така се доверуваме на нејзиното застапништво. Всушност, нашата радост претставува еден отсјај на радоста на Марија, бидејќи Таа е онаа што ги зачувала и ги чува со вера настаните на Исус. Значи, ја молиме оваа молитва со чувство на деца кои се среќни, бидејќи нивната Мајка е среќна“.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >