ҽ

2024.05.15 Papa ha benedetto la campana chiamata “La voce dei non nati”, che sarà portata in Kazakistan Kazachstan

Папата ја благослови камбаната „Гласот на неродените“

Камбаната „Гласот на неродените“ ќе биде испратена во Казахстан. На крајот од Генералната аудиенција во среда 15 мај 2024 година, папата упати поздрави до ходочесниците од Полска. Потоа рече дека од Полска е донесено камбана, која носи име „Гласот на неродените“ и ќе биде испратено во Казахстан. Ѕвоното Папата го благослови пред почетокот на аудиенцијата.

Папата ги потсети Полјаците на потребата да се заштити животот од зачнување до природна смрт. Камбаната ќе замине во Казахстан, каде со своето биење ќе ја буди совеста не само на политичарите, туку и на обичните луѓе за заштита на животот.

На крајот папата Фрањо ги поздрави иницијаторите на оваа иницијатива: Полската фондација „Да за живот“. Безгрешно зачнување на Пресвета Богородица“, давајќи им благослов на сите.

Богдан Романиук од фондацијата „Да за живот“ дошол на идеја за камбана „Глас на неродените“ која би требало да ја разбуди совеста кај луѓето. Кога ја прочитал информацијата дека годишно се убиваат 42 милиони деца како последица на абортус, посакал да создаде симбол кој ќе потсетува дека човечкиот живот е свет.

Првата камбана е направена во 2020 година и беше наменета за Полска, каде се чува во црквата „Сите светци“ во Колбушова, од каде оди на ходочестие во различни центри и маршеви за живот. На камбаната е напишана Божјата заповед „Не убивај“, како и зборовите на бранителот на животот, блажениот отец Јержи Попиелушко: „Животот на детето започнува под мајчиното срце“.

Од тогаш се направени камбани за Украина, Еквадор, Замбија и сега за Казахстан. Сите се осветени од папата Фрањо.

 

15 мај 2024, 17:02

Последни Ауденции

Прочитајте сé >