ҽ

VATICAN-RELIGION-POPE-REGINA COELI

Царице небесна: Да го слушаме Светиот Дух со читање на Словото Божјо, со обожување и молитва

Папата Фрањо за време на неговото неделно обраќање на празникот Педесетница, недела 19 мај 2024 година, ги поттикна верниците да се запрашаат колку добро го слушаат Светиот Дух. За да биде слушањето што е можно поефикасно, тој препорача секојдневно читање на Евангелието, обожавање и молитва

Светиот Отец потсети дека денеска го славиме слегувањето на Светиот Дух врз Марија и апостолите. Укажувајќи дека во Евангелието Исус зборува за Светиот Дух кој ќе нè поучи за сè што ќе слушне, тој праша што слушнали што би кажал Светиот Дух.

Папата потоа објасни дека Светиот Дух за нас е сведок на прекрасниот дијалог во кој Отецот и Синот меѓусебно зборуваат за нивната љубов, што се среќава неколку пати во Евангелијата.

Забележа како овие моменти изразуваат убави чувства како наклонетост, благодарност, доверба и милост, кои, пак, ни откриваат убава, блескава, конкретна и трајна врска, како што е вечната Божја љубов.

„Тоа се токму оние зборови кои преобразуваат, кои Светиот Дух ги повторува во нас и кои е добро да се слушат, бидејќи тие раѓаат исти чувства и исти намери во нашите срца. Тоа се плодни зборови. Затоа е важно секојдневно да се храниме со нив со читање и размислување на Словото Божјо, носејќи го со себе во џебно издание, искористувајќи ги поволните моменти“, рече Светиот Отец. Тој додаде дека слушањето на Божјото Слово, обожавањето и молитвата ни помагаат да направиме простор за гласот на Светиот Дух. Дури и кога си кажуваме убави зборови, еден за друг стануваме ехо на мекиот глас на Утешителот“, истакна тој.

Истакнувајќи дека слушањето и размислувањето на Божјото Слово, обожавањето и молитвата во тишина не се тешки работи и секој може да ги направи, Папата на крајот ја замоли Марија, која беше присутна на Педесетница со апостолите, „да не направи послушни за гласот на Светиот Дух“.

 

20 мај 2024, 09:50

Што е Царице небесна?

Антифонот Царице небеска (Regina Caeli) е еден од четирите маријански антифони (другите се Alma Redemptoris Mater, Ave Regina Coelorum и Salve Regina).

Папата Бенедикт XIV, во 1742 година, ја пропиша офаа молитва да се моли наместо Ангел Господов, како знак за победа над смртта, за време на Воскресното време, односно од неделата на Воскресение до денот на Педесетницата.

Како и Ангел Господов, и оваа молитва се моли трипати на ден: наутро, напладне и на зајдисонце, и на тој начин денот го посветуваме на Бог и на Марија.

Овој многу стар антифон датира, според една побожна традиција, од VI или X век, додека нејзиното распространување е документирано во XIII век, кога станува дел од Фрањевскиот часослов. Молитвата се состои од четири кратки стихови од кои секој завршува со Алилуја, и истата претставува молитва што верниците ја упатуваат до Марија, небесната Царица, и така заедно со неа се радуваме за Воскресението.

Папата Фрањо, на 6 април 2015 година, токму за време на молитвата Царице небесна на вториот ден од Велигден, даде совет за тоа каква треба да биде состојбата на срцето кога се моли оваа молитва:

„ ...Се обраќаме кон Марија поканувајќи ја да се зарадува, бидејќи Оној што го носеше во утробата воскресна како што вети и така се доверуваме на нејзиното застапништво. Всушност, нашата радост претставува еден отсјај на радоста на Марија, бидејќи Таа е онаа што ги зачувала и ги чува со вера настаните на Исус. Значи, ја молиме оваа молитва со чувство на деца кои се среќни, бидејќи нивната Мајка е среќна“.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >