ҽ

TOPSHOT-ISRAEL-PALESTINIAN-CONFLICT

Папата повика на прекин на огнот на Блискиот Исток

По катехезата на Геенралната аудеинција во среда, 3 април 2024 година, Светиот Отец повторно апелираше за прекин на огнот во Појасот Газа.

Изразувам длабоко жалење за загинатите волонтери кои дистрибуираа хуманитарна помош во Газа. Се молам за нив и нивните семејства. Го повторувам апелот на исцрпеното и напатено цивилно население да добие пристап до хуманитарна помош и заложниците веднаш да бидат ослободени. Да избегнеме каков било неодговорен обид за ширење конфликти во регионот и да работиме на ставање крај што е можно поскоро на оваа и на другите војни кои продолжуваат да носат смрт и страдање во толку многу делови од светот.

Светиот Отец потсети дека не треба да се заборави напатената Украина. Спомна дека ја држи во рацете Бројаницата и Новиот завет на 23-годишен војник кој загинал во војната.

Светиот Отец ги покани верниците на плоштадот Свети Петар да му се придружат со меомент на тишина, „мислејќи на тоа момче и на многу други како него, кои загинаа во ова лудило на војната. Војната секогаш уништува. Да мислиме на нив и да се молиме“, повика Папата.

Во своето обраќање до ходочесниците од Полска, папата Фрањо на Господ му ги довери земјите погодени од војната, и потсети на претстојната Недела на Божјото милосрдие, повикувајќи никогаш да не ја заборавиме Божјата љубов.

03 април 2024, 22:09

Последни Ауденции

Прочитајте сé >