ҽ

Il Papa, la guerra � un crimine contro l'umanit�

Ангел Господов: Кога сте во искушение или на погрешен пат, повикајте го Исуса

Во недела, 28 јануари 2024 година, од прозорецот на својата работна соба во Апостолската палата, папата Фрањо молеше Ангел Господов со верниците и ходочесниците присутни на плоштадот Свети Петар. Ви го пренесуваме во целост говорот на Папата.

Драги браќа и сестри, добар ден!

Денешното Евангелие ни прикажува како Исус ослободува човек опседнат од „нечист дух“ (сп. Марко 1, 21-28), кој го мачел и кој постојано викал на сиот глас (сп. р. 23,26). Така прави ѓаволот: сака да нѐ поседува, да ни ја „окова душата“. Да ни ја окова душата: тоа го сака ѓаволот. Мора да се чуваме од „оковите“ кои ја задушуваат нашата слобода. Затоа што ѓаволот ти ја одзема слободата, секогаш. Да се обидеме да именуваме некои од оние окови кои можат да ни го заробат срцето.

Мислам на зависности, кои го заробуваат човекот, го прават вечно незадоволен и му ја проголтува енергијата, добрата и саканите луѓе; Мислам на модата која преовладува, која ги принудува луѓето на сите можни и невозможни перфекционизми, консумеризам и хедонизам, кои ги претвораат луѓето во роба и ги нарушуваат нивните односи. Има и други окови: има искушенија и ситуации кои ја поткопуваат самодовербата на човекот, ведрината на духот и способноста да го избира и сака животот; потоа има и уште други окови: стравот што го тера да гледа на иднината со песимизам и бесчувствителност, што секогаш ја префрла вината на другите; а има и многу грди окови: идолопоклонството на моќта, кое раѓа конфликти и прибегнува кон оружје што убива или користи економска неправда и манипулација на мислата. Има многу окови во нашиот живот.

А Исус дојде да нѐ ослободи од сите тие окови. И денес, на извикот на ѓаволот кој му вика: „О, што имаш Ти со нас, Исусе Назарејче! Си дошол ли да нè погубиш? Те знам Кој си Ти, Светец Божји!?“ (р. 24), тој одговара: „Молкни и излези од него!“ (р. 25). Исус нѐ ослободува од моќта на ѓаволот. Исус нѐ ослободува од моќта на злото, внимавајте, го истерува ѓаволот, но не разговара со него! Исус никогаш не разговара со ѓаволот; и кога беше искушуван во пустината, неговите зборови беа зборови од Библијата, никогаш дијалог. Браќа и сестри, не разговарајте со ѓаволот. Внимавајте: не разговарајте со ѓаволот, бидејќи ако почнете да разговарате со него, тој секогаш победува. Да бидеме внимателни!

Тогаш, што да правиме кога се чувствуваме искушувани и под стрес? Да се преговара со ѓаволот? Не, со ѓаволот не се преговара. Мора да го повикаме Исус: Повикај го таму каде што чувствуваш дека оковите на злото и стравот најмногу те стегаат. И денес Господ сака со силата на својот Дух да му повтори на нечистиот дух: „Оди си, остави го тоа срце на мира, не внесувај раздор во светот, семејствата, нашите заедници; нека живеат мирно, за да процветаат во нив плодовите на мојот Дух, а не на твоите - така вели Исус - меѓу нив нека владее љубов, радост и благост, а наместо насилство и повици на омраза, да има слобода и мир, почит и грижа за сите“.

Па, да се запрашаме: дали навистина сакам да се ослободам од тие окови што ми го стегаат срцето? Понатаму, дали знам да кажам „не“ на искушенијата на злото, пред да се вовлечат во душата? На крајот, дали го повикувам Исус, дали му дозволувам да делува во мене, да ме оздрави одвнатре?

Пресвета Богородица нека нѐ заштити од злото!

28 јануари 2024, 15:31

Што е Ангел Господов

Ангел Господов е молитва која се моли три пати на ден во спомен на вечната Тајна на Овоплотување: во 6 часот наутро, точно напладне и навечер околу 18 часот, во моментот кога бие камбаната за Ангел Господов. Името Ангел Господов произлегува од првиот стих на молитвата – Ангел Господов ја поздрави Марија – која се состои од кратко читање на три едноставни текста кои се однесуваат на Овоплотувањето на Исус Христос и молење на три Радувај се Маријо. Оваа молитва ја моли Папата на плоштадот Свети Петар точно напладне во недела и за време на големите празници. Пред молењето на Ангел Господов, Папата има и еден мал наговор поврзан од дневните читања. Потоа следат поздрави до поклониците. Од Велигден па сѐ до Духовден, наместо Ангел Господов се моли Царице Небесна, која е молитва во спомен на Воскресението Христово, на крајот од истата се моли три пати Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Последниот Ангел Господов / Царице Небесна

Прочитајте сé >