ҽ

2024.08.09 Vaticano Piazza San Pietro Petersdom Petersplatz

Светиот Престол го поздравува „позитивниот исход“ од официјалното признавање на кинескиот бискуп

Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави соопштение во кое се изразува „задоволството“ на Светиот Престол за официјалното признавање од страна на кинеската влада на епископот Мелкиор Ши Хонгжен за бискуп на Тијанџин.

„Светиот Престол со задоволство дознава дека денес, 27 август 2024 година, епископот Мелхиор Ши Хонгжен е официјално признат за цивилни цели како бискуп на Тијанџин.

Ова соопштение го објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол во врска со прелатот на општината Тијанџин во Народна Република Кина.

Во соопштението се додава дека „оваа мерка е позитивен исход од дијалогот воспоставен во текот на годините меѓу Светиот Престол и кинеската влада“.

Епископот Ши Хонгжен, роден во 1929 година, е ракоположен за свештеник на 4 јули 1954 година, а посветен за коадјутор на Тијанџин на 15 јуни 1982 година.

Во јуни 2019 година, го наследи епископот Стефано Ли Сајде. Бискупијата Тијанџин, се истакнува во соопштението, има приближно 56.000 верници, распоредени во 21 парохија, опслужувани од 62 свештеници и „добар број“ монахињи.

27 август 2024, 22:16