ҽ

Accordo Italia-S.Sede sul Bambino Ges�

Кардинал Паролин: Потребно е да се слушнат земјоделците

Ватиканскиот државен секретар, кардинал Пјетро Паролин, одговараше на прашања на новинарите на маргините на настанот по повод 40-годишнината од Договорот за измена на Конкордатот меѓу Италијанската Република и Светиот Престол и претставување на Декларацијата за намерите во врска со новото седиште на Педијатриската болница Бамбино Џезу.

Демонстрантите треба да се слушнат; треба да има дијалог, отвореност за дијалог со цел одржливост на малите и средните претпријатија и иднината на руралните области, рече ватиканскиот државен секретар, кардинал Пјетро Паролин, одговарајќи на прашања од новинарите во четврток, 8 февруари 2024 година за протестите против високите трошоци за производство кои се во тек во Италија и низ Европа.

Обврска е личноста секогаш да биде ставена во центарот на се, рече кардиналот, за да биде заштитена во своето достоинство и вистински да ги презентира најдобрите предлози.

Кардиналот Паролин разговараше со новинарите на маргините на конференцијата во италијанската амбасада при Светиот Престол по повод 40-годишнината од Конкордатот потпишан во 1984 година од тогашниот италијански премиер Бетино Кракси и државниот секретар на Ватикан, кардиналот Агостино Казароли.

Договорот, истакна кардиналот Паролин, не е нешто од минатото, туку има и проекција во иднината - односно се однесува на разбирање за можноста да се разгледаат кои точки може дополнително да се развијат денес, надминувајќи го она што беше одредено пред четириесет години.

На конференцијата беше претставена Декларацијата за намери меѓу Италијанската Република и Светиот Престол за новото седиште на Педијатриската болница Бамбино Џезу. Барањата за имплементација ќе бидат изнесени од италијанска страна и од страна на Светиот Престол, објасни кардиналот.

Кардиналот Паролин, исто така, зборуваше и за конфликтот на Блискиот Исток, каде примирјето и договорот за враќање на заложниците кои ги држеше Хамас изгледаат се подалечни.

Преговорите се во тек, објасни кардиналот. Се разбира, не изгледа дека надежите се остваруваат. Се надеваме дека полека ќе се постигне договор и решение со ослободување на заложниците и прекин на огнот, а потоа и почеток на преговори за конечно решение на проблемот.

10 февруари 2024, 11:50