ҽ

2022.01.14 Settimana preghiera unità cristiani

Љубовта кон Бога и ближниот e средиште на Молитвената осмина за единство на христијаните

Вдахновени од параболата за Добриот Самарјанин, овогодинешната молитвена недела за единство на христијаните нѐ повикува да молиме за љубов кон Бога и кон ближниот.

Повеќе од педесет години, Католичката црква заедно моли со други христијански заедници во иницијативата на Молитвена осмина за единство на христијаните.

Секоја година - почнувајќи од 18 јануари и завршувајќи на празникот на преобраќањето на Свети Павле, 25 јануари - христијанските цркви и црковните заедници ја одбележуваат Молитвена осмина за единство на христијаните.

Следејќи го екуменскиот поттик даден од Вториот ватикански собор, во 1966 година, новоснованиот Секретаријат за промовирање на единство меѓу христијаните (кој еволуираше во истоимената Дикастерија) започна да работи со Комисијата за вера и ред на Светскиот совет на црквите за да подготви материјали за годишна молитвена осмина.

Само неколку години подоцна, во 1975 година, локалните екуменски заедници првпат добија ресурси со што започна оваа молитвена осмина.

Темата за овогодинешната молитвена недела е „Љуби Го Господа, својот Бог... и ближниот свој како себеси“, и е фокусирана на параболата за Добриот Самарјанин. Материјалите за овогодинешната осмина се подготвени од екуменски тим од Буркина Фасо, потпомогнат од локалната заедница Чемин Неуф.

Прогонувана христијанска заедница

„Тоа е осмина во која се молиме за истата намера, а тоа е единство на христијаните, но е вдахновена од заедница, локална заедница“, вели монсињор Хуан Усма Гомез, раководител на Западниот оддел на Дикастеријата за промовирање на единство меѓу христијаните.

Сместена во Западна Африка во регионот Сахел, христијанската заедница во Буркина Фасо сочинува околу 20% од населението. Поголемиот дел од земјата, околу 64%, се придржува кон исламот, додека околу 9 % од населението ги следи традиционалните африкански религии.

„Оваа година тоа е африканска заедница, прогонувана христијанска заедница, малцинска христијанска заедница во многу тешка ситуација“, вели монс Усма Гомез. „Буркина Фасо минува низ најтешки прогонства, насилство и меѓурелигиски ситуации кои се доста комплицирани“.

Сепак, тој додава: „Можеби најважното нешто е што прогонуваната малцинска заедница нè повикува да молиме за љубов, да ги сакаме нашите ближни, да ги сакаме сите оние што се блиску до нас, вдахновени од евангелската одломка за Добриот Самарјанин“.

По стапките на отците

Монсињор Усма Гомез објаснува дека со изборот на евангелскиот извештај за Добриот Самарјанин, организаторите „се обидуваат да нè вдахноват пренесувајќи ни го не само начинот на кој живеат Африканците, начинот на прифаќање еден со друг, туку и се обидуваат сето тоа да го поврзат со размислувањата на Црковните оци“.

Црковните отци, продолжува тој, „ја дадоа идејата за текстот“ објаснувајќи кого претставува секој од ликовите: Самарјанинот го претставува Христос, човекот кој е ограбен и оставен на патот полумртов го претставува „Адам“ или човештвото; а гостилницата каде што е примена жртвата ја претставува Црквата, „Црквата која треба да ја прифати грижата со љубов за сите“, без разлика на религијата, народ, расата или заедницата.

17 јануари 2024, 09:54