ҽ

ITALY-VATICAN-POPE-HEALTH

Клиничката состојба на Папата покажува благо подобрување

Во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол до новинарите се вели дека здравствената состојба на папата Фрањо покажува благо подобрување и дека во текот на денот примил света Причест и се посветил на некои работи.

„Клиничката состојба на Светиот Отец покажува благо подобрување. Нема температура, а неговите хемодинамски параметри остануваат стабилни. Утринава прими света Причест, а потоа се посвети на работните активности“.

Ова е соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол до новинарите во четвртокот навечер, 20 февруари 2025 година

Папата Фрањо беше примен во римската болница Агостино Гемели во петокот на 14 февруари како последица на бронхитисот.

Потоа, му беше дијагностицирана двојна пневмонија и фармаколошката терапија беше прилагодена.

Одговарајќи на прашања лои му ги поставија новинарите во четвртокот вечерта, Матео Бруни, директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол објасни дека Папата има „фокална пневмонија“ што укажува на ограничени области на инфекција во белите дробови, а не на широко распространета пневмонија. Тој додаде дека дише автономно и дека неговото срце останува стабилно.

Информациите за здравјето покажуваат дека Папата добро се одмара ноќе, ја продолжува својата терапија и станува од кревет за да појадува наутро.

21 февруари 2025, 08:03