Папата: Евхаристијата ни овозможува да живееме во единство со Бога и нашите браќа
„Фондацијата и нејзините иницијативи го прават овој документ релевантен, кој е во согласност со синодалниот дух на Црквата, каде што сите сме обединети во Христа, создавајќи универзално братство како членови на едно Тело. Ова единство се постигнува преку Светиот Дух, кој е Љубов, и се изразува во солидарност, особено кон оние кои најмногу страдаат“, рече Папата.
Светиот Отец истакна дека „заедништвото во Христа нè прави семејство, браќа кои имаат исто достоинство“. „И храната на тоа семејство кое се собира на празничната трпеза во недела е Евхаристијата. Едно тело сме затоа што јадеме еден леб. Тоа е духовна храна која е подеднакво неопходна за сите и ни овозможува да живееме во единство со Бога и нашите браќа“, потсетува папата Фрањо, додавајќи дека „оваа сила на Светиот Дух нè претвора во орудие на љубовта кон Бога, кој сака да допре до сите луѓе без исклучок“.
„Во оваа света година сакам да ви се заблагодарам што сте извор на надеж за многу луѓе кои страдаат и изгубиле надеж, луѓе кои благодарение на вашата работа ја доживуваат добрината и утехата Божја во своите страдања“, рече Папата на крајот од својот говор.