ҽ

Pope Francis continues treatment for ongoing bronchitis in Rome

Папата Фрањо е хоспитализиран поради бронхитис

Утрото на 14 февруари, по завршувањето на аудиенцијата во Домот Света Марта, папата Фрањо е хоспитализиран во болницата „Агостино Гемели“ во Рим за „да ги направи потребните дијагностички испитувања и ќе продолжи со болничко лекување на бронхитисот“, се вели во соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Во текот на овие денови Светиот Отец постојано ја споменуваше својата болест, поради што не можеше секогаш да ги чита целосно подготвените текстови од неговите размислувања, проповеди и обраќања. И покрај болеста, тој утрово ги одржа сите закажани состаноци во својата резиденција.

Ова е четврта хоспитализација на папата Фрањо во болницата Гемели во Рим.

14 февруари 2025, 13:04