Папата Фрањо му честита на Доналд Трамп за инаугурацијата
Светиот Отец му ја вети на политичарот својата молитва до Семоќниот Бог за мудрост, сила и заштита во службата на оваа висока функција.
„По повод вашата инаугурација како четириесет и седми претседател на Соединетите Американски Држави, ви испраќам срдечни поздрави и ги ветувам моите молитви Семоќниот Бог да ви даде мудрост, сила и заштита во исполнувањето на вашата висока функција“, пишува Папата.
Истакнувајќи ја вредноста на идеалите на американската држава, „земја на можности и гостопримство за сите“, папата Фрањо изрази надеж дека под водство на Трамп американскиот народ ќе напредува и ќе се труди да изгради „поправедно општество каде што нема место за омраза, дискриминација и отуѓување“.
„Истовремено“, истакна Папата, „бидејќи нашето човечко семејство се соочува со бројни предизвици, а да не зборуваме за злото на војната, исто така го молам Бога да ги води вашите напори за промовирање на мирот и помирувањето меѓу народите“.
„Со овие чувства – заклучува – Светиот Отец – молам за вас, вашето семејство и саканиот американски народ изобилен Божји благослов.