ҽ

2024.08.12 Partecipanti a vari Capitoli Generali

Папата до монасите и монахињите: Љубовта се брои, а не дипломите

„Нашиот свет има голема потреба повторно да ги открие вкусот и убавината на одлучувањето, особено во однос на конечните избори кои одредуваат одлучувачка пресвртница во животот, како што е повикот. Затоа, ни требаат татковци и мајки кои помагаат, особено младите, да сфатат дека да се биде слободен не значи да се остане на раскрсницата засекогаш, да се трча десно и лево, а всушност никогаш да не се тргне по одреден пат“, им порача папата Фрањо на монасите и монахињите.

Во понеделник, 12 август 2024 година, папата Фрањо во аудиенција ги прими учесниците од генералните собранија на четири монашки заедници и ги потсети на „завршниот испит“ на христијанскиот живот, кој ќе се однесува на делата на љубов кон сиромашните, отфрлените и оние кои страдаат.

Говорот на Папата се засноваше на три точки: проникливост, формација и милосрдие. Тој рече дека без разлика дали се работи за „свечени моменти на големи избори“ или „работни моменти на мали дневни одлуки“, расудувањето му овозможува на човекот да го следи својот повик преку „напорна работа, слушање на Господ, себеси и другите“ и е создадено од медитација, трпеливо чекање и храброст која сепак води до разбирање на волјата Божја, предлагана во срцето, но никогаш наметната. Светиот Отец истакна дека тоа е деликатен процес, кој им е потребен на сите, не само на посветените лица.

„Нашиот свет има голема потреба повторно да ги открие вкусот и убавината на одлучувањето, особено во однос на конечните избори кои одредуваат одлучувачка пресвртница во животот, како што е повикот. Затоа, ни требаат татковци и мајки кои помагаат, особено младите, да сфатат дека да се биде слободен не значи да се остане на раскрсницата засекогаш, да се трча десно и лево, а всушност никогаш да не се тргне по одреден пат“, им порача папата Фрањо на монасите и монаињите.

Во мир, но немирен

Папата Фрањо им порача на монасите и монахињите дека формацијата е „пат на раст во светост што го опфаќа целото постоење“, проткаен со лична и заедничка молитва, светотаински живот и обожавање, за што смета дека верниците денес ја изгубиле смислата и потребно е тоа да се поврати. Потоа истакна дека само оние кои понизно и постојано се препуштаат на формација можат да се надеваат дека ќе бидат добри воспитувачи за другите. Ги предупреди присутните да внимаваат на немирот во срцето, бидејќи „едно е да се има мирно срце, а друго е, како што доликува, мирен, но немирен“.

„Вашето послание денес е изразено пророчко, во социјален и културен контекст кое се карактеризира со вртоглаво и континуирано кружење на информации, но од друга страна драматично сиромашно во односите меѓу луѓето. Нашево време има итна потреба од просветители кои знаат со љубов да станат придружници на луѓето кои им се доверени“, нагласи Светиот Отец.

Противотров на културата на отфрлање

Светиот Отец рече дека љубовта се дава со поглед кој постојано го гледа лицето на сиромашните. Ги охрабри присутните да бидат будни и во нивните средби секогаш да има жив и пулсирачки момент на бесплатност и несебична љубов. Тој додаде дека 25. поглавје од Евангелието според Матеј за последниот суд е она што христијанинот и посветениот човек секогаш треба да го имаат како мерило.

„Господ нема да нѐ праша: „Што научи? Колку дипломи имавте?' Еве еден ефикасен противотров за надминување на културата на отфрлање, во нас и околу нас: ве молам не отфрлајте ги луѓето, не избирајте луѓе врз основа на светски критериуми: колку се важни, колку пари имаат... надвор со овие светски критериуми! Не да одбиваме, туку да примаме, секого да прегрнеме, секого да го сакаме“, заврши папата Фрањо.

12 август 2024, 22:41