ҽ

VATICAN-RELIGION-POPE-ANGELUS

„Прости ни ги долговите наши, дај ни го твојот мир“ е темата на пораката за Светскиот ден на мирот во 2025 година.

Насловот на пораката на 58. Светски ден на мирот, кој ќе се одбележи на 1 јануари 2025 година, покажува природна согласност со библиското и црковното значење на Светата година и е вдахновен од енцикликите Laudato sí и Fratelli tutti, посебно околу концептите на надеж и простување, срцето на јубилејот: повик за преобраќање насочен не кон осуда, туку кон помирување и создавање мир.

Дикастеријата за промоција на целосен човечки развој во четврток, 8 август 2024 година, ја објави темата на пораката за Светскиот ден на мирот 2025 година. Темата избрана од Светиот Отец за следниот Светски ден на мирот во 2025 година и гласи: „Прости ни ги долговите наши, дарувај ни го твојот мир“.

Поаѓајќи од набљудување на реалноста на конфликтите и општествените гревови кои го засегаат денешното човештво, гледајќи ја надежта својствена на јубилејната традиција на отстранување на гревовите/отпишување на долгот и размислувањата на црковните отци, би можеле да се појават конкретни насоки кои би довеле до многу потребните промени во духовна, морална, општествена, економска, еколошка и културна сфера.

Само со вистинско преобраќање, лично, заедничко и меѓународно, може да процвета вистински мир кој не се манифестира само на крајот на конфликтот, туку во нова реалност во која се лекуваат раните и во која на секој човек му се признава сопственото достоинство.

12 август 2024, 22:27