蜜桃交友

Пребарува?е

++ Il Papa, la democrazia non ? in buona salute, ci preoccupa ++

Проповед на Папата на светата Литурги?а по повод завршува?ето на 50-тата Католичка соци?ална недела во Трст

За време на патува?ето во Трст по повод завршува?ето на 50-та Католичка соци?ална недела во Итали?а во недела, 7 ?ули 2024 година, папата Фра?о го предводеше литургиското славе?е на кое одржа проповедта, ко?а ?а пренесуваме во целост.

ПАПА ФРА?О

ХОМИЛИ?А

Света Литурги?а по повод завршува?ето на 50. Католичка соци?ална недела

За повторно да ?а разбуди надежта на скршените срца и да им биде потпора на нивниот тежок пат, Бог секогаш издигнувал пророци ме?у сво?от народ. Ме?утоа, како што се вели во денешното прво чита?е, раскажува??и ни за настаните од животот на ?езекиил, тие често наидувале на бунтовен народ, ?со огрубено лице и со жестоко срце “ (?езекиил 2, 4) и биле отфрлувани.

И Исус го има истото искуство како што го имале пророците. Се вра?а во Назарет, во родниот кра?, ме?у лу?ето со кои пораснал, но не го препознаваат, згора на тоа, го отфрлаат: ?до?де ка? своите, а своите не го прими?а“ (Иван 1,11). Во Евангелието се вели дека ?И се соблазни?а заради Него (Исус)“ (Марко 6,3), но терминот ?соблазна“ не се однесува на нешто безобразно или непристо?но како што го користиме денес; соблазна значи ?камен за сопнува?е“, односно пречка, непри?атност, нешто што ве кочи и ве спречува да продолжите понатаму. Да се запрашаме: ко?а е пречката што н? спречува да веруваме во Исус?

Слуша??и што зборуваат неговите сонародници, гледаме дека тие се задржуваат само на неговата овоземска истори?а, на неговото семе?но потекло и затоа не можат да си об?аснат како синот на ?осиф дрводелецот, т.е. на обичен човек, имал таква мудрост па и способност да прави чуда. Затоа, човечноста на Исус е соблазна. Пречката што ги спречува овие лу?е да го препознаат Бож?ото присуство во Исус е фактот дека То? е човек, То? е едноставно син на ?осиф деводелецот: Како може Бог, семо?ниот, да се открие во слабоста на телото на еден човек? Како може семо?ниот и силен Бог, ко? ?а создал зем?ата и го ослободил сво?от народ од ропството, да стане толку слаб што дошол во тело и се наведнал да им ги измие нозете на учениците? Тоа е соблазна.

Бра?а и сестри: вера заснована на Бога, ко?а слегнува до човекот, ко?а се грижи за него, ко?а ги допираат нашите рани, ко?а го зема на себе нашиот умор, ко?а се крши како леб за нас. Силен и мо?ен Бог, ко? е на мо?а страна и ме задоволува во сè, е привлечен; слабиот Бог, Бог ко? умира на крстот од ?убов и исто така бара од мене да ?а надминам секо?а себичност секо? ден и да го дадам мо?от живот за спасение на светот, е Бог ко? предизвикува немир. И тоа, бра?а и сестри, е соблазна.

Сепак, става??и се себеси пред Господ Исус и гледа??и на предизвиците кои се пред нас, на бро?ните општествени и политички проблеми за кои исто така се разговараше на оваа Соци?ална недела, на конкретниот живот на нашиот народ и неговите напори, можеме да кажеме дека денес ни треба токму ова: соблазна. Ни треба соблазна на верата. Не ни треба религиозност затворена во себе, ко?а го подига погледот кон небото не гриже??и се за она што се случува на зем?ата и слави богослужба во храмот заборава??и ги, сепак, правливите патеки на нашите улици. Напротив, ни треба соблазна на верата - ни треба соблазна на верата - вера вкоренета во Бог, Ко? стана човек и затоа човечка вера, опиплива вера, ко?а влегува во истори?ата, ко?а ги милува животите на лу?ето, ко?а лекува скршени срца, ко?а станува квасец на надежта и микроб на нов свет. Тоа е вера ко?а ?а буди совеста од не?зината вкочанетост, ко?а со прст ги допира раните на општествата - а ги има многу - вера ко?а поставува праша?а за иднината на човекот и истори?ата; тоа е немирна вера и треба да живееме немирна вера, вера ко?а оди од срце до срце, вера ко?а ги прима проблемите на општеството однадвор, немирна вера ко?а помага да се надмине просечноста и ацеди?ата на срцето, што станува трн во око на општеството често заспано и зашеметено од консумеризмот. Накратко ?е се задржам на тоа... Се вели дека нашето општество е донекаде поспано и зашеметено од консумеризмот, дали сте размислувале дали консумеризмот ви влегол во срцето? Таа желба да се поседуваат работи, да се има пове?е, то? копнеж да се трошат пари. Консумеризмот е зло, тоа е рак: ти го разболува срцето, те прави себичен, те тера да гледаш само во себе. Бра?а и сестри, потребна ни е пред сè вера ко?а ги отфрла калкулациите на човечкиот егоизам, ко?а го осудува злото, ко?а покажува со прст кон неправдите, ко?а ги нарушува заговорите на оние кои во сенка на власта, ги искористуваат послабите за нивните сопствени цели. И колкумина - тоа го знаеме - ?а користат верата за да ги искористат лу?ето. Тоа не е вера.

Еден поет од ово? град, опишува??и го во прозен текст неговото вообичаено вечерно вра?а?е дома, опишува како минува низ малку мрачна улица, место на деградаци?а каде лу?ето и добрата во пристаништето се ?остаток“, односно отпад од светот; сепак токму овде - пишува то? - цитирам: ?Нао?ам, минува??и, бескра?на понизност“, зашто проститутката и морнарот, раскараната жена и во?никот, ?сите се суштества на животот и болката; во нив, како и во мене, е Господ“ (U. SABA, ?Città Vecchia“, во Il canzoniere (1900-1954) Edizione definitiva, Turin, Einaudi, 1961). Да не заборавиме дека: Бог се крие во темните ?оши?а на животот и нашиот град. Дали сте размислувале за тоа: во темните агли на животот и нашиот град. Неговото присуство се открива токму на лицата избраздени од страда?ето и каде изгелда дека уништува?ето победува. Бесконечноста Бож?а се крие во човечката беда, Господ се движи и станува присутен, то? станува при?ателско присуство токму во ранетото тело на последните, заборавените и отфрлените. Овде, тука се манифестира Господ. А за нас, кои понекогаш непотребно сме навредени од многу ситници, би било добро, напротив, да се запрашаме: зошто не се навредуваме поради злото што се шири, поради животот што се понижува, поради проблеми во светот на работата, поради страда?ата на мигрантите? Зошто остануваме апатични и рамнодушни кон неправдите во светот? Зошто не ?а земаме при срце ситуаци?ата на затворениците, ко?а исто така се издигнува од ово? град Трст како крик од болка? Зошто не ?а наб?удуваме бедата, страда?ето, напушта?ето на толку многу лу?е во градовите? Се плашиме, се плашиме да го на?деме Христос таму.

Предраги, Исус го живееше пророштвото на секо?дневниот живот во сопственото тело, влегува??и во животот и секо?дневниот живот на лу?ето, покажува??и сочувство во настаните од секо?дневниот живот, покажа каков е Бог, ко? е сочувствителен. И затоа некои се соблазни?а поради него, то? стана пречка, беше отфрлен до то? степен што беше изведен пред суд и осуден. Сепак, то? остана верен на своето послание, не се криеше зад двосмислесноста, не беше во со?уз со логиката на политичката и верската мо?. Од сво?от живот направи жртва на ?убовт кон Отецот. Така и ние христи?аните: повикани сме да бидеме пророци и сведоци на Царството Бож?о, во сите ситуации што ги доживуваме, во сите места каде што живееме.

Бра?а и сестри, од ово? град Трст, ко? гледа на Европа, крстопат на народи и култури, пограничен регион, поттикнувам да сонуваме за нова цивилизаци?а заснована на мир и братство; ве молам, да не ве соблазнува Исус, туку, напротив, да нè згрозат сите оние ситуации во кои, животот се нагрдува, ранува и убива; ние го носиме пророштвото на Евангелието во нашето тело, пове?е со нашите одлуки, отколку со зборовите. Ова е таа доследност поме?у изборите и зборовите. И сакам да ? кажам на оваа Црква во Трст: Напред! Само напред! Продолжете да го водите патот во шире?ето на Евангелието на надежта, особено на оние кои доа?аат од балканската рута и на сите оние кои треба да бидат охрабрени и утешени со тело или дух. Заедно да се посветиме на ова: со тоа што повторно ?е откриеме дека Отецот нè ?уби, сите да можеме да живееме како бра?а. Сите како бра?а, со таа госто?убива насмевка и мир во душата. Ви благодарам!

08 ?ули 2024, 16:02