ҽ

2023.03.25 Fedeli dalle Parrocchie di Rho (Milano)

Папата против отровната култура на отфрлање на старите лица

По повод Светскиот ден против злоупотреба на старите лица, Папата во објава на социјалната мрежа Х повикува на спротивставување на логиката која ги смета постарите луѓе како материјал за отфрлање

Постарите луѓе често се потиснати на маргините на општеството, потсетува папата Фрањо во објавата на неговиот профил X @Pontifex по повод Светскиот ден против злоупотреба на старите лица. „Колку често – пишува Папата – ги отфрламе постарите со тоа што ги напуштаме, што е вистинска скриена евтаназија! Тоа е резултат на културата на отрфлање што му прави толку многу штета на нашиот свет. Сите сме повикани да се спротивставиме на оваа отровна култура на отфрлање“.

Инаку, Светскиот ден на злоупотреба на стари лица е востановен во 2006 година од страна на „Меѓународната мрежа за спречување на злоупотреба на стари лица“ и се одбележува на 15 јуни. Темата за оваа година се фокусира на постарите лица во итни случаи.

Природните катастрофи, пандемии или конфликти - потсетуваат Обединетите нации на својата веб-страница - несразмерно ги погодуваат постарите луѓе, влошувајќи ја нивната ранливост. Проблемите со мобилноста, хроничните здравствени состојби или социјалната изолација може да ги спречат постарите луѓе да пристапат до помош, да бидат на сигурно и да добијат навремена медицинска нега и поддршка која им е потребна.

19 јуни 2024, 10:35