ҽ

2024.05.18 Visita a Verona - Arrivo e incontro con i sacerdoti

Папата до свештениците во Верона: Исповедта не смее да биде мачење

Папата Фрањо ја започна својата пасторална посета на Верона со средба со ѓаконите, свештениците и поосветени лица. Го охрабрувам секој човек да го прифати својот повик и храбро да го прифати своето послание, рече Светиот Отец

Во саботата, 18 мај 2024 година, папата Фрањо отпатува во Верона на еднодневна пасторална посета, а првата средба беше остварна со ѓаконите, свештениците и посветените лица од тој северен италијански град.

Собирајќи се, како што рече Папата, во една од најубавите романички базилики во Италија, базиликата Свети Зенон, папата Фрањо рече дека архитектурата го потсетува на кораб и дека сите тие се дел од Господовиот кораб „кој плови по морето на историјата за да ја шири радоста на Евангелието“.

Имајќи ја таа слика на ум, папата Фрањо понуди две размислувања за посветениот живот. „Пред сè“, започна Папата, „мора да се заблагодариме за повикот кој го примивме. Тој се сети на Исус на почетокот на својата служба во Галилеја, додека одеше покрај брегот на езерото, гледајќи во коработ на браќа рибари. Им пријде и ги повика да го следат, рече Светиот Отец.

Папата ги повика посветените лица никогаш да не ја заборават оваа слика која покажува дека во центарот на христијанскиот живот е средбата со Господ кој доаѓа „без оглед на личните заслуги или напори“. На ист начин, продолжи тој, „во сржта на посветениот живот“ е Господовиот повикот.

Папата Фрањо ги замоли присутните да се трудат „никогаш да не го изгубат чудото на повикот“. Повикот се негува со сеќавање на дарот што го добивме по благодатта. Тој спомен секогаш треба да се чува жив во нас“, рече Светиот Отец и додаде дека тоа е „првиот темел на нашето посветување и на нашата служба“.

Да бидеме Црква која сведочи за Божјото милосрдие 

Светиот Отец потоа се осврна на друга точка на размислување: посланието. Тој ја нагласи потребата од смелост во делувањето и уште еднаш се осврна на ликот на Исус кој ги сретнал своите ученици на Галилејското езеро. Храброста е дар што оваа Црква добро го познава“, рече Папата. „Ако навистина постои една карактеристика на свештениците, монасите и монахињите од Верона, тоа е токму тоа што тие се посветени, креативни и способни да го воплотат пророштвото на Евангелието“.

Папата потоа го опиша нивното наследство кое што се состои од бројни „сведоци на верата кои успеале да го обединат навестувањето на Словото со великодушно и сочувствително служење на оние кои се во потреба“. Тој конкретно ја спомена „општествената креативност“ која поттикна отворање на училишта, болници, домови за стари лица, засолништа и места на духовност.

Осврнувајќи се на учењето на Свети Зенон, Папата ги потсети присутните во базиликата на тој светител за опасностите од препуштањето на алчноста и важноста на делотворната љубов. „Не се предавајте на малодушноста. Бидете храбри во своето послание, научете да бидете денес Црква која им приоѓа на другите, која лекува рани, која сведочи за Божјата милост“, повика Папата. 

Папата понатаму им се обрати на свештениците посебно на оние кои ја делат Светата Тајна на помирување - исповед и им порача да простуваат. „Ве молам простете сè, сè простете “, рече тој и ги замоли да не ги испрашуваат луѓето што доаѓаат да се исповедаат. „Ако не сте во можност да разберете во тој момент, продолжи понатаму, Господ разбра. Ве молам, не ги мачете покајниците“, нагласи тој. „На Црквата и треба прошка, а вие сте орудие за простување“, додаде Папата.

Верона - градот на љубовта

Завршувајќи го својот говор, Папата ги охрабри сите присутни да се залагаат Верона да биде град на љубовта.

Спомнувајќи го „генијалецот Шекспир“, кој вдаховен од убавината на градот ја раскажал приказната за маките на Ромео и Јулија, Светиот Отец ги поттикна присутните да шират љубов со евангелието, кое, како што рече, е посилно од омразата и смртта. „Сонувајте за Верона на тој начин“, како град на љубовта, заклучи Папата и ги благослови присутните.

 

19 мај 2024, 15:09