ҽ

2024.05.27 Monaci Buddisti rappresentanti del Wat Phra Cetuphon

Папата се сретна будистички монаси од Тајланд

Папата Фрањо во понеделник 27 мај 2024 години прими делегација будистички монаси од Тајланд и повторно истакна дека во ова време рането од војни и насилство можеме само заедно да се спасиме, бидејќи сме меѓусебно поврзани и зависни еден од друг. Тој го охрабри граѓанското општество, припадниците на другите религии, владите, меѓународните организации, академските и научните заедници и сите други заинтересирани страни да промовираат пријателство кое поддржува мир и братство.

Папата Фрањо истакна дека се сеќава на патувањето во нивната земја во ноември 2019 година и гостопримството што му го покажале во таа прилика. Тој го изрази своето задоволство од извештајот од седмиот будистичко-христијански колоквиум, на кој минатиот ноември во Тајланд присуствуваа повеќе од 150 учесници од различни делови на Азија за заеднички да размислуваат на темата „Каруна и Агапе во дијалог за заздравување на ранетото човештвото и земја“.

На споменатиот колоквиум, истакна Папата, беа споменати три клучни работи, за кои уште еднаш потсети. Прво, изјавивте дека „никој не се спасува сам; можеме да се спасиме само заедно, бидејќи сите сме меѓусебно поврзани и зависни“. Во светлината на оваа вистина, тој ги повика да работат заедно со сите – граѓанското општество, припадниците на другите религии, владите, меѓународните организации, академските и научните заедници и сите други заинтересирани за промовирање пријателство кое го чува мирот и братството и гради поинклузивна светот.

Второ, рече Папата, беше спомната важноста да се поучуваат сите, особено младите и децата, на односи проткаени со грижа и внимание кон другите и кон околината. На крајот изјавивте: „Веруваме дека молитвата и медитацијата можат драматично да ги променат работите со прочистување на нашите срца и умови, носејќи ги плодовите на добрината, милоста и простувањето каде владее омразата и одмаздата, создавајќи дух на почит и грижа за другите и за Земјата“.

На крајот, Папата им се заблагодари на монасите за убавиот гест со доаѓањето во Ватикан и ги охрабри да продолжат да негуваат дијалог и соработка, особено со Католичката црква во Тајланд, во духот на трајно пријателство.

 

31 мај 2024, 08:36