Папата: Во денешната глобална криза, мораме да се залагаме сите луѓе да живеат достоинствено
„Образованието, како и пренесувањето знаење - што е вистина - е обврска и метода за обука на луѓе способни да ги воплотат вредностите на помирување и правда во секој аспект од нивниот живот. Умот, срцето и рацете не можат добро да растат одвоено и само заедно можат да се справат со реалноста и потребите на времето. Ви посакувам да формирате „вредни сонувачи“, а пред се вие самите да бидете тоа“, рече папата Фрањо.
Во својот говор се осврна на кризата на светскиот поредок, посочувајќи дека „изгледа недостасува хоризонтот на надежта“, „а без надеж не можете да живеете. Да не заборавиме надежта е како сидро до брегот, а ние се држиме за јажето. Надежта никогаш не разочарува“, потсети Светиот Отец.
Претставниците на Универзитетот во моментов се на ходочестие на местата каде живеел Свети Игнатиј од Лојола, а Папата во продолжение ги охрабри во своето обраќање да негуваат интелектуална љубопитност, дух на соработка и чувствителност кон денешните предизвици, така што би било видливо „наследството на Свети Игнатиј“.
„Постои потреба од мажи и жени кои се подготвени да ги стават своите вештини во служба на ближните, да работат за иднина во која секој човек ќе може да ги развие своите способности и да живее со достоинство и почит, а светот да најде мир, рече Светиот Отец.
Папата ги замоли челниците на Универзитетот Лојола во Чикаго секогаш да ја задржат „желбата за потрага“, да „одат во потрага по смислата на животот“ и исто така да се вратат на корените, црпејќи сила од нив за да се движат напред. Тој потсети на искуството и духовноста на Свети Игнатиј, „кој секогаш го ставаше Бога на прво место и постојано ја бараше Божјата волја“ и затоа беше поттикнат „упорно да служи“.
Како што рече Светиот Отец: „Оваа традиција ве повикува денес да ја барате вистината преку сериозно проучување, внимателно слушање и храбро дејствување. Ве охрабрувам да истраете на овој пат, да бидете сведоци на надежта во свет често обележан со поделби и конфликти.
Светиот Отец ги повика членовите на тој Исусовски универзитет секогаш да се прашуваат како да „придонесат за подобрување на светот“, и посочи дека „со цел да се поттикне меѓусебното разбирање, соработка и градење мостови меѓу различните традиции, култури и погледи на светот“, мора да се води сметка за „меѓукултурниот и меѓурелигискиот дијалог“.
Тој ги повика членовите на тој језуитски универзитет секогаш да се прашуваат како да „придонесат за подобрување на светот“, и посочи дека „со цел да се поттикне меѓусебното разбирање, соработка и градење мостови меѓу различните традиции, култури и погледи на светот“, мора да се води сметка за „меѓукултурен и меѓурелигиски дијалог“.