蜜桃交友

Пребарува?е

2024.05.08 Udienza Generale

Генерална аудиенци?а: Светот има потреба од христи?анската надеж

Во сери?ата катехези за богословските крепости, папата Фра?о на Генералната аудиенци?а во среда 8 ма? 2024 година зборуваше за крепоста надеж. Ви го пренесуваме преводот на целата катехеза.

Папа Фра?о

Генерална аудиенци?а

Плоштад Свети Петар

8 ма? 2024 година

?Оти мислам дека страда?ата на сегашното време не се ништо спрема славата, ко?а ?е се ?ави во нас. И не само тие, туку и ние самите, кои го имаме начетокот на Духот, воздивнуваме во себеси, очекува??и посинува?е и откупува?е на нашето тело,. биде??и со надеж се спасивме. А надеж за она, што се гледа, не е надеж, оти, како ?е се надева неко? на нешто, што го гледа?“ (Рим?аните 8,18.23-24)

Во текстот што следи се вклучени и непрочитани делови кои исто така се претставени како да се изговорени.

Недостатоци и крепости – Надеж

Драги бра?а и сестри!

Во последната катехеза почнавме да размислуваме за богословските крепости. Има три: вера, надеж и ?убов. Минатиот пат размислувавме за верата, денес на ред е надежта.

?Надежта е богословска крепост со ко?а копнееме за царството небесно и вечниот живот како за сво?а сре?а, полага??и ?а нашата доверба во ветува?ата Христови и потпира??и се не на сопствената сила, туку на помошта од благодатта на Светиот Дух“ (Катехизам на Католичката црква, бр. 1817). Овие зборови ни потврдуваат дека надежта е одговорот што му се дава на нашето срце кога во нас ?е се по?ави апсолутното праша?е: ?Што ?е се случи со мене? Ко?а е целта на ова патува?е? Каква судбина го чека ово? свет?“

Сите знаеме дека негативниот одговор на овие праша?а предизвикува тага. Ако патува?ето низ ово? живот нема смисла, ако нема ништо на почетокот и на кра?от, се прашуваме зошто воопшто треба да чекориме: тука се ра?а човечкиот оча?, чувството за залудноста на сè. И многумина можат да се побунат: ?Се обидов да бидам крепостен, мудар, праведен, силен, умерен. Бев дури и верник, верничка... Каква корист од целата мо?а борба ако сето тоа заврши тука?“ Ако нема надеж, сите други крепости се во опасност да се распрснат и да се претворат во прав и пепел. Ако нема иднина во ко?а можеме да веруваме, неко? светол хоризонт, нема да има друг избор освен да заклучиме дека крепоста е бескорисен труд и напор. ?Само кога со сигурност се знае дека иднината ?е има позитивен исход, полесно е да се живее сегашниот момент“, вели Бенедикт XVI (Енциклика Spe salvi, 2).

Христи?анинот не стекнува надеж по сопствена заслуга. Ако верува во иднината, тоа е затоа што Христос умре и воскресна и ни го даде сво?от Дух. ?Откупението ни е дадено во смисла дека ни се дава надеж, сигурна надеж, благодарение на ко?а можеме полесно да се справиме со сегашноста“ (исто,1). Во таа смисла, да повторам уште еднаш, велиме дека надежта е богословска krepost: таа не доа?а од нас, не е тврдоглавост во ко?а сакаме самите себе да се увериме, туку е дар ко? доа?а директно од Бога.

Многу христи?ани кои биле со сомнежи, кои не биле потполно препородени со надеж, Павле ги поставува пред логиката на христи?анското искуство: Ако, пак, Христос не воскреснал, суетна е верата ваша; вие сте уште во своите гревови; тогаш и оние, што умреле за Христа, загинале. И, ако само во ово? живот се надеваме на Христа, тогаш сме ние на?бедни од сите лу?е (1 Коринт?ани 15, 17-19). Како да сака да го каже ова: ако верувате во Христовото воскресение, сигурно знаете дека ниту еден пораз и ниту една смрт не се вечни. Но, ако не верувате во воскресението Христово, тогаш сè е залудно, дури и проповедта на апостолите.

Надежта е крепост против ко?а често грешиме: во нашата виновна носталги?а, во нашата меланхоли?а, кога мислам дека сре?ните моменти од минатото се засекогаш закопани. Грешиме против надежта кога слабееме пред нашите гревови, заборава??и дека Бог е милостив и поголем од нашите срца. Да не заборавиме, бра?а и сестри, Бог простува се, Бог секогаш простува. Ние сме тие кои се изморуваат да бараме прошка. Но, никогаш да не ?а заборавиме оваа вистина: Бог простува сè, Бог секогаш простува. Ние грешиме против надежта кога потклекнуваме пред нашите гревови; грешиме против надежта кога есента ?е ?а избрише пролетта во нас; кога Бож?ата ?убов ?е престане да биде вечен оган и немаме храброст да носиме одлуки кои не обврзуваат до кра?от на животот.

На денешниот свет оча?но му е потребна оваа христи?анска крепост! На светот му треба надеж, исто како што многу му треба трпение, крепост што оди рака под рака со надежта. Трпеливите лу?е се тка?ачи на доброто. Тие упорно сакаат мир, и покра? тоа што на некои им се брза и би сакале се веднаш, трпението има способност да чека. И кога многумина околу нив ?е подлегнат на разочарува?ето, оние кои се продуховени од надежта и трпеливи се способни да ?а преживе?ат и на?темната но?. Надежта и трпението одат заедно.

Надежта е крепост на оно? ко? има младо срце; и годините тука не играат никаква улога. Затоа што има и постари лу?е чии очи светат со светлина, кои живеат во посто?ана напнатост кон иднината. Да се потсетиме на оние два?ца старци од Евангелието, Симон и Ана: никогаш не се измориле од чека?е и доживеале кра?от на нивното земно патува?е да биде благословено со средбата со Меси?ата, кого го препознале во Исус, кого неговите родители го донеле во храмот. Камо сре?а така да биде и со нас! После долгото патува?е, откако ?е ги спуштиме торбата и стапот, нашите срца да бидат исполнети со радост како никогаш до сега, и ние исто така ?е можеме да извикаме: ?Сега го отпушташ Сво?от слуга со мир, Владико, според зборовите Твои; зашто очите мои го видоа спасението Твое, што си го приготвил пред лицето на сите народи: светлина за просвета на незнабошците и слава на Тво?от народ, Израилот“ (Лука 2,29-32).

Бра?а и сестри, само напред и бара?те благодат да имате надеж, надева?те се со трпение. Секогаш гледа?те на таа последна средба; секогаш мислете дека Господ е близу, дека смртта никогаш, никогаш нема да победи! Да одиме напред и да го молиме Господ да ни ?а даде таа голема крепост на надеж, придружена со трпение. Ви благодарам.

10 ма? 2024, 07:14

Последни Ауденции

Прочита?те сé >