ҽ

2024.04.14 Regina Caeli

Папата Фрањо до децата: Ве чекам во Рим, да молиме за оние кои страдаат поради војните

Во своето пладневно обраќање на 14 април 2024, по молитвата Царице небесна, Папата уште еднаш упати покана за учество на првиот Светски ден на детето, кој ќе се одржи на 25 и 26 мај: „Ни треба вашата радост и желба за подобар свет.“ Папата ги спомна нивните врсници кои ги плаќаат последиците од конфликтите во Украина, Светата Земја, Мјанмар и други места во светот.

Ве чекам! – е директна покана на папата Фрањо до сите момчиња и девојчиња во светот да учествуваат на првиот Светски ден на детето, кој Црквата ќе го прослави на 25 и 26 мај во Рим. Станува збор за иницијатива која го следи историскиот Светски ден на младите, но која сака да ги стави најмалите во центарот.

На крајот од неделното пладневно обраќање, Папата ги охрабри верниците да го следат приближувањето кон тој настан и им се заблагодари на оние кои работат на неговата реализација. Воедно изрази желба во неа да учествуваат што повеќе деца и истакна:

Ни треба вашата радост и желба за подобар свет, свет во мир.

15 април 2024, 09:25