ҽ

2024.04.25 Membri dell'Azione Cattolica Italiana

Папата до Kатоличка акција: Ширeте ја „културата на прегратки“

Шеесет илјади членови на црковнoто движење Kатоличка акција го пречекаа папата Фрањо на плоштадот Свети Петар по повод средбата наречена „Раширени раце“:многу прегратки, пропуштени и причина за бројни конфликти се „во овие денови пред наши очи“ оние кои спасуваат и оние кои го менуваат животот

Пред малку, минувајќи меѓу вас, сретнав погледи полни со радост и полни со надеж. Ви благодарам за таа силна и убава прегратка - со овие зборови во четврток 25 април 2024 година го започна својот говор папата Фрањо, обраќајќи им се  на околу 60 илјади членови и пријатели на Италијанската католичка акција од цела Италија кои се собраа на плоштадот Свети Петар за да го пречекаат Папата и да ги слушнат неговите зборови на охрабрување. Возрасни, млади и деца пристигнаа во Рим со повеќе од 600 автобуси, како и возови и илјадници автомобили, со желба да изградат иднина на мир и надеж, посветени да бидат ученици и мисионери, со-одговорни во градењето на заедничкото добро.

Прегратките се еден од најспонтаните изрази на човечкото искуство – истакна Папата, осврнувајќи се на темата на средбата, а тоа е „Отворени раце“. За секој од нас, по првата родителска прегратка, следат многу други, но нашиот живот пред се е опкружен со големата прегратка на Бога кој нè сака, кој нè засака прв. Постојат три вида прегратки кои папата Фрањо рече дека сака да им ги предложи на присутните за размислување: прегратка што недостасува, прегратка што спасува и прегратка што менува живот.

Папата Фрањо на крајот се осврна и на Синодата и потсети дека синодалното патување влегува во третата фаза, најтешката и најважната, пророчката, што значи претворање на досегашната работа во одлуки кои даваат поттик и нов живот во посланието на Црквата во ова наше време. Но, најважното нешто на оваа Синода е синодалноста - истакна тој и додаде:

Затоа ни требаат луѓе обликувани од Духот, „ходочесници на надежта“, мажи и жени од синодата, кои знаат да разговараат, да комуницираат, да пребаруваат заедно, како што вели темата на јубилејот што се ближи, мажи и жени способни да зацртаат и следат нови и тешки патишта. Затоа ве охрабрувам да бидете „спортисти и знаменосци на синодалноста“, во бискупиите и парохиите на кои  припаѓате, за целосна реализација на патувањето.

25 април 2024, 22:19