蜜桃交友

Пребарува?е

2024.03.24 Celebrazione della Domenica delle Palme

Папата се моли за жртвите од ?кукавичкиот терористички напад“ во Москва

Во недела 24 март 2024 година, за време на молитвата Ангел Господов - на самиот кра? од Литурги?ата на Цветници, папата Фра?о ?а изрази сво?ата тага за тешкиот и трагичен напад во Руси?а, бара??и преобра?а?е на срцата на оние кои планираат, организираат и спроведуваат такви нечовечки дела кои го навредуваат Бога. Исто така, Светиот Отец рече дека се моли за оние кои страдаат поради во?ната во Украина и Газа, а ги спомена и два?цата убиени мировници во Колумби?а.

Како што рече на самиот кра?, Папата се моли за жртвите од ?кукавичкиот терористички напад“ во Руси?а. Со ова то? ?а изрази сво?ата тага за она што се случи пред два дена во градот Красногорск, во кое загинаа пове?е од 130 лу?е, и побара од Господа ?да ги прими жртвите, да ги утеши нивните семе?ства и да ги преобрати срцата на оние што планираат, организираат и извршуваат такви нечовечки дела, кои го навредуваат Бога, а ко? заповеда: ?Не убива?“.

Своите мисли Папата ги насочи и кон ?ужна Америка, поточно кон Колумби?а во Мировната заедница ?Сан Хозе де Апартадо“. На кра?от на неделата се убиени сопругата и братот на еден од водачите на заедницата, потсети папата Фра?о, ко? во 2018 година беше награден како пример за посветеност на економи?ата на солидарност, мир и човекови права.

Во сво?от редовен поздрав до верниците од Рим и Итали?а, кои по правило се на?бро?ни за време на аудиенци?ата во среда и недела, ово? пат ?а поздрави делегаци?ата од градот Санремо, ко?а и оваа година, верна на четиривековната традици?а, донира плетени палмови листови за прославата на Цветници, празник ко? уште во првите векови на христи?анството, верниците од Ерусалим го нарекувале и Палмова недела.

Во своето кратко размислува?е пред околу 60.000 присутни верници, Папата рече:

Драги бра?а и сестри, Исус влезе во Ерусалим како Цар понизен и миротворец. Да ги отвориме нашите срца за Него. Само То? може да нè ослободи од непри?ателството, од омразата, од насилството, биде??и То? самиот е благодат и Оно? ко? ги простува гревовите.

На кра?от повика на молитва до Богородица, од ко?а учиме како да останеме блиску до Исус во деновите на Страсната седмица за да ?а достигнеме и ние радоста на Воскресението.

24 март 2024, 19:56

Последни Ауденции

Прочита?те сé >