Генерална аудиенци?а: Бог не н? сака само ?свети“ туку ?интелигентно свети“
Разборитоста е ме?у основните крепости, об?аснува Папата, и не е исклучива привилеги?а на христи?аните, туку припа?а на наследството на древната мудрост. Разборитоста не е крепост на плашлив човек, ко? секогаш се двоуми и се колеба што да прави. Не е само претпазливост. Да се стави разборитоста на прво место значи дека човечкото делува?е е во рацете на неговата интелигенци?а и слобода. Разборитиот човек е креативен: размислува, оценува, се обидува да ?а разбере сложеноста на реалноста и не дозволува да биде совладан од емоции, мрзеливост, притисоци и илузии.
Вреди да се потсетиме на лекци?ата за разборитост, посебно во свет на површни мисли и баналност - без разлика дали се добри или лоши, пишува Папата. Осврнува??и се на Свети Тома, то? посочува дека тоа е способност да се управуваат делата со цел да се насочат кон добро. Сè додека останува на книгите, животот е лесен. Но, сосема е друга работа среде ?ветровите и брановите на секо?дневниот живот“. Мудриот човек не избира случа?но - размислува за ситуациите, бара совет од другите и со широк поглед и внатрешна слобода избира по ко? пат да тргне. Но, вели папата Фра?о, тоа не значи дека то? не може да згреши. Сите сме лу?е - но барем ?е избегне поголеми застранува?а.
Понатаму разборитоста е карактеристика и на оно? што е повикан да владее: знае дека е тешко да се управува, дека има многу различни гледишта и дека мора да се труди да ги усогласи, дека мора да прави добро не на некои, туку на сите. Разборитиот човек знае како да го чува се?ава?ето на минатото, не затоа што се плаши од иднината, туку затоа што знае дека традици?ата е наследство на мудроста. Таа е и далекувидна - штом се одлучи за целта, знае дека мора да ги обезбеди сите средства за да ?а постигне.
Нагласува??и дека Светото Писмо е полно со повици за подобрува?е на разборитоста, Папата потсети: ?Христи?анскиот живот е комбинаци?а од едноставност и мудрост“. Подготвува??и ги своите ученици за послание, Исус им препорачува: ?Ете, ?ас ве испра?ам како овци ме?у волци. Затоа, бидете мудри како змии и безопасни како гулаби!' (Мате? 10,16). Како да сака да каже дека Бог не сака само да бидеме свети, туку сака да бидеме интелигентно свети, биде??и без разборитоста се скршнува од вистинскиот пат додека да трепнеш!“
На кра?от од аудиенци?ата Папата ?а довери Црквата и целиот свет под заштита на Свети ?осиф, чи?што празник се празнуваше вчера, посебно населението на Украина, Палестина и Израел, кои страдаат поради во?ната.