ҽ

2024.03.06 Udienza Generale

Ангел Господов: Горделивоста е порок кој го труе чувството на братство

Папата Фрањо ги охрабри верниците присутни на Генералната аудиенција на плоштадот Свети Петар да го искористат постот за борба против тоа злона горделивост зад кое се крие „длабокиот грев, апсурдната желба да се биде како Бог“. Вистинскиот лек е понизноста.

Да го искористиме овој пост за борба против нашата горделивост – повика папата Фрањо на Генералната аудиенција на 6 март 2024 година, која се одржа на плоштадот Свети Петар. Кога пристигна на плоштадот, Папата од папамобилот ја благослови воодушевената толпа, која го поздрави со песни, извици и аплаузи.

Темата на неговиот говор беше последниот грешен порок од серијата за кои папата Фрањо зборува во катехезите за пороците и крепостите. Светиот Отец на почетокот рече дека се уште има мала настинка, па неговото размислување го прочита отец Пјерлуиџи Жироли од Државниот секретаријат на Светиот Престол.

Старите Грци, објасни Папата, ја дефинираа горделивоста со израз кој може да се преведе како „прекумерна блескавост“. Тој потсети дека гордоста е меѓу пороците кои Исус ги набројува меѓу злата што излегуваат од човечкото срце. Гревот на гордоста е блиску до гревовната мана на суетата за која говореше Светиот Отец минатата недела.

„Но, ако суетата е болест на човечкото его, тоа е само детска болест во споредба со пустошот што гордоста може да го остави зад себе. Анализирајќи ја човечката безумност, древните монаси препознале одреден редослед во низата на зла: од најпростите гревови, како што е ненаситноста, до најмонструозните чудовишта. Гордоста е големата кралица на сите гревови. Не случајно Данте, во својата Божествена комедија, ја става гордоста во првиот круг на чистилиштето: оној што паднал под овој грев е далеку од Бога и за да се поправи ова зло бара време и напор, повеќе од која било друга битка на која е повикан христијанинот.

Папата Фрањо рече дека ова зло крие длабок грев, апсурдна желба да се биде како Бог. Гревот на Адам и Ева во секој поглед е грев на гордоста, бидејќи искушувачот им рекол дека ќе бидат како богови. Духовните автори - додаде Папата - даваат детално испитување на последиците од горделивоста во секојдневниот живот, често опишувајќи како ги уништува меѓучовечките односи.

Папата наведе долга листа на индикатори кои откриваат дека човекот подлегнал на гревот на гордост, почнувајќи од изгледот: човек со „тврд врат“ и круто непопустливо држење; склоноста да се донесуваат презирачки судови за другите, неотповикливите осуди за ситници на сметка на другите; до бурно реагирање на најмала конструктивна критика или сосема безопасна забелешка, како некој да го повредил „нејзиното височество“.

Не може многу да се направи кога имате работа со човек кој страда од годреливост – истакна папата Фрањо. Невозможно е да разговарате со него и да го поправите, бидејќи, на крајот на краиштата, тој не е потполно свој – додаде Папата. Меѓутоа, за ова е потребно трпение, „затоа што еден ден нејзината градба ќе се урне“, рече Светиот Отец, цитирајќи една италијанска поговорка која вели „гордоста тргнува на коњ, а се враќа пеш“.

Исус си имал работа со многу горделиви луѓе - продолжи тој - и често го разоткрива овој грев, дури и кај луѓе кои многу добро го криеле. Како пример, Папата го издвои апостол Петар, кој се пофалил со својата сигурна верност. Но, многу брзо доживеа дека е како другите и дека го совлада стравот од смртта, за кој не ни помислуваше дека може да биде толку блиску.

„И така другиот Петар, оној кој не се држи високо, туку пролева горки солзи, ќе биде исцелен од Исус и конечно ќе биде соодветен да го држи товарот на Црквата на своите плеќи. Порано покажуваше горделивост, а е подобро да не се покажува, сега, напротив, тој е верен ученик кого господарот може да го постави, како што вели една парабола, „над сиот свој имот“. Спасението е поврзано со понизноста, вистинскиот противотров за секој чин на ароганција“.

На крајот од катехезата, Светиот Отец ги опиша горделивите како присвојувачи на Божјата сопственост. Бескорисно е да се украде нешто од Бога - додаде тој - затоа што, во крајна линија, Тој сака да ни даде сè. Заврши со зборовите на апостол Јаков, кој ѝ пишува на својата заедница, растргната од внатрешните превирања кои се резултат на горделивоста: „Бог се противи на горделивите, а на смирените им дава благодат”.

Во поздравот до верниците од италијанското говорно подрачје, кој самиот го прочита, Папата повика во овие денови на Великиот пост да продолжиме храбро да се трудиме да ги отстраниме нашите маски за да се вратиме од срце кај Бог, кој нè љуби со вечна љубов. Тој, исто така, повторно повика на молитва за населението кои ги трпат ужасите на војната во Украина и Светата Земја, како и во другите делови на светот.

07 март 2024, 08:31