ҽ

2024.02.01 Delegazione della "University of Notre Dame"

Папата се сретна претставниците на Универзитетот Нотр Дам

Папата Фрањо во салата Клементина во Ватикан го прими одборот на директори на Универзитетот Нотр Дам во американската сојузна држава Индијана. Папата ги повика да им помогнат на студентите да ги остварат своите соништа преку интелектуална формација исполнета со вера

Ова е тајната на образованието: да размислуваме што чувствуваме и правиме; да го почувствуваме она што го мислиме и правиме; и да го правиме она што го чувствуваме и мислиме.

Папата Фрањо ја истакна својата визија за посланието на просветителите, примајќи го во Ватикан, во четврток, 1 февруари 2024 година, претседателот и одборот на директори на Универзитетот Нотр Дам во Индијана.

Папата размислуваше за, како што рече, трите јазици на образованието: главата, срцето и рацете. Тие три елементи на човечката личност, рече тој, го формираат јадрото на католичкото образование и неговата цел да им помогне на младите луѓе да достигнат зрелост и целина.

Интелектуални факултети

Папата Фрањо рече дека католичките универзитети, како што е Нотр Дам, спроведуваат студии и истражувања за да го унапредат знаењето, често користејќи интердисциплинарен пристап.

Ваквите образовни напори што ги преземаат католичките институции, истакна Римскиот бискуп, се засноваат на цврстата верба во внатрешната хармонија на верата и разумот, од која произлегува релевантноста на христијанската порака за сите области на личниот и општествениот живот.

Тој ги повика католичките просветители на Нотр Дам да им помогнат на студентите да ги развијат менталните капацитети, преку подлабоко вреднување на учењето воопшто, но и преку богатството на католичката интелектуална традиција.

Соништата на срцето

Осврнувајќи се на срцето, познато како седиште на мудроста и верата во јудео-христијанската традиција, папата Фрањо истакна дека католичкото образование треба да им помогне на студентите да негуваат отвореност кон вистината, доброто и убавото.

Тој рече дека ова бара од професорите и студентите да развијат вистински односи за да ги истражат заедно подлабоките прашања на животот.

Потоа ги праша католичките просветители дали им помагаат на младите да сонуваат, повикувајќи ги да одговорат според сопствената совест.

Тоа значи и промовирање на дијалогот и културата на средба, истакна Папата, за да може секој да научи да го препознава, цени и сака секој човек како брат или сестра, и што е најважно, како сакано Божјо чедо.

Затоа, Римскиот епископ ја истакна улогата на верата во образованието на човечките срца на начин што ќе им помогне на студентите да го обноват општеството и да се соочат со предизвиците на животот.

Рацете

Рацете, односно активниот, каритативниот аспект на човечката личност, ја претставуваат целта на католичкото образование, рече Папата.

Преку нашето делување, додаде Петровиот наследник, повикани сме да изградиме подобар свет, поучувајќи се на меѓусебен соживот, братска солидарност и мир.

Не можеме да останеме во ѕидовите или границите на нашите институции, туку мора да се стремиме да излеземе на периферијата и да го сретнеме Христос во нашите ближни и да им служиме, рече Светиот Отец.

Ги пофали напорите на Универзитетот за охрабрувањето на студентите да допрат до сиромашните, посиромашните заедници.

Моќно средство за добро во општеството

Папата Фрањо го заврши своето обраќање благодарејќи им за нивното великодушно служење во одржувањето на уникатниот карактер и идентитет на Универзитетот.

Вашиот придонес во животот на оваа институција нека продолжи да го подобрува нејзиното наследство на солидно католичко образование, овозможувајќи му на Универзитетот да биде, како што сакаше вашиот основач отец Едвард Сорин, моќно средство за добро во општеството.

03 февруари 2024, 19:44