ҽ

Il Papa, 'la Chiesa � un cantiere sempre aperto'

Папата: Братството е едно од најголемите сведоштва што свештениците можат да го дадат на светот

Папата Фрањо се сретна со семинаристите и членовите на заедницата на семинаријата во Неапол „Алесио Аскалеси“ и ги потсети дека Црквата е „отворено градилиште“ каде верниците одат заедно во синодалност, слушајќи го Светиот Дух и знаците на нашето време.

Пред сè, Црквата е „отворено градилиште“ кое постојано е во движење, отворено за новоста на Светиот Дух, победувајќи го искушението да се зачува себеси и своите интереси.

Папата Фрањо го понуди тој поглед обраќајќи се во петок 16 февруари 2024 година, пред семинаристите и членовите на заедницата на семинаријата „Алесио Аскалеси“ на Неаполската надбискупија, која ја слави 90-годишнината од своето постоење.

Синодална Црква во изградба

Папата Фрањо размислуваше за трајната природа на свештеничката формација која е потребна за да им се пренесе убавината на Евангелието на луѓето од нашето време, слушајќи го Светиот Дух и нивните барања.

Да се потсетиме – рече Папата, дека формацијата никогаш не запира, таа трае цел живот, а ако застане, не остануваме таму каде што сме биле, туку назадуваме.

Синодалната Црква оди со распнатиот и воскреснатиот Христос, а за слушање на Светиот Дух потребни се служители, односно „слуги“, кои знаат да усвојат пасторален стил на расудување во секоја ситуација, рече Римскиот епископ.

Патот до свештенството исто така е градилиште

Потоа Светиот Отец објасни дека патот до свештенството е градилиште каде што идните свештеници се повикани да ѝ се придружат на вистината, дозволувајќи му на Бога да го гради своето дело низ годините.

Затоа папата Фрањо ги повика семинаристите да не се плашат да му дозволат на Господ да дејствува во нивните животи преку Светиот Дух: Откако ќе ги исчисти внатрешните лаги, Духот ќе ви даде ново срце, ќе го изгради вашиот живот според Исус кој ќе ве направи нови созданија и ученици мисионери.

Тоа секако може да биде тешка работа, истакна Папата, но ако останете послушни и верни, отворени за делувањето на Светиот Дух без вкочанетост и бранење, ќе ја откриете нежноста на Господа во вашите слабости и во чистата радост на служењето.

Папата Фрањо ги поттикна семинаристите да „копаат длабоко“, да ја „говорат вистината“ во себе, да го негуваат својот внатрешен живот, да размислуват за Божјото Слово и да се задлабочуваат во прашањата на нашето време, како во теолошките, така и во пасторалните. Исто така, Папата препорача да работат на емоционалната и човечката зрелост: Без тоа нема да стигнете никаде!

Напоменувајќи дека самата богословија е градилиште, каде се воведуваат нови програми за формација за да се приспособи свештеничката служба на потребите на нашето време, папата Фрањо ја поздрави „новината“ како можност за благодат и служење, расудување за Божјото присуство.

Братството е едно од најголемите сведоштва што свештениците можат да му ги дадат на светот.

Завршувајќи го својот говор, Папата ги охрабри членовите на заедницата на семинаријата „Алесио Аскалеси“ да патуваат по патот на преобраќање и обновување на кој тој повика во неговата порака за Великиот пост, дозволувајќи да бидат победени од новиот восхит и тоа со Божјата љубов, со радоста од откривањето на собраноста, грижата за сиромашните, правдата и созданијата и понизниот живот во мир и братство. Братството, особено денес, е едно од најголемите сведоштва што можеме да му ги понудиме на светот, нагласи Папата.

Папата Фрањо го заврши својот говор доверувајќи ја нивната „работа во тек“ на неаполскиот покровител Свети Џенаро, Свети Винченцо Романо, свештеникот кој ја изгради семинаријата и на нивниот духовен отец, блажениот Маријано Арсиер, чиј литургиски спомен-ден се слави на 16 февруари.

 

19 февруари 2024, 19:57