ҽ

Pope Francis leads Ash Wednesday mass in Rome

Папата Фрањо: „Во постот да ја напуштаме сцената на преправање и да се вратиме во срцето“

На светата Литургија, која ја предводеше на Пепелница во базиликата Света Сабина, папата Фрањо во својата проповед повика да се отфрлат маските и преправањата, да се забави напливот на гнев, да се прифати вистината за себе и да се открие Божјото присуство во сопствената внатрешност.

„Враќање во срцето“, на „суштинското“, да се „влезе во тајната“, да се симне „световната покривка“: тоа е патот по кој папата Фрањо повикува да се оди во времето на Великиот пост, „патот од надвор кон внатре. бидејќи сè што доживуваме, вклучително и нашиот однос со Бог, не смее да се сведе на надворешноста“, туку мора да одговара на „нашите чувства“. Накратко, повикани сме да го следиме примерот на сиромавиот од Асизи „кој откако се соблече, со сето свое битие го прегрна Отецот кој е на небесата“. Ова се зборовите на Папата кои ги кажа во Римската базилика Света Сабина, доверена на кардиналот Мауро Пјаченца, за време на светата Литургија со обред пепелење. Пред светата Литургија се одржа традиционална покајничка поцесија со Литанија до сите светци од црквата Свети Анселм до базиликата Света Сабина.

Тргнувајќи од зборовите на свети Анселм, поттикна на размислување, на дистанцирања од занимањата и грижите за да се бара Бог, за да може да се слушне неговиот глас. Папата повика и да влеземе во нашата внатрешност, „каде има толку многу стравови, чувства на вина и грев“, но тоа е место „каде што Бог може да не исцели и очисти“.

„Несвесни за тоа, сфаќаме дека веќе немаме тајно место каде би застанале и каде би биле заштитени. Потопени сме во свет во кој сè, дури и најинтимните емоции и чувства, мора да станат социјални - но како нешто може да биде социјално ако не тече од срцето? „Дури и најтрагичните и најболните искуства ризикуваат да немаат тајно место за чување: сè мора да биде разоткриено, неорганизирано, препуштено на брборење... И тука Господ ни вели: Влезете во тајната, вратете се во вашиот внатрешен цента“, повика Папата.

Во продолжение на својата проповед, папата Фрањо објасни дека Великиот пост мора да биде „бања на прочистување и пустошење“ и поттикна да се отстрани „сета шминка, сè што ставаме на себе за да изгледаме попривлечно, подобро отколку што сме“. Затоа, „враќањето во срцето значи враќање кон вистинското јас и да се претставиме пред Бога такви какви што навистина сме, голи и разоткриени. Ова значи да погледнеме во себе и да бидеме свесни за тоа кои сме навистина, да ги извадиме маските што често ги носиме, да го успориме напливот на нашиот гнев, да го прифатиме животот и вистината за себе. Животот не е шоу, а Великиот пост не повикува да се симнеме од сцената на привидност, да се вратиме на срцето, на вистината за тоа кои сме. Враќање во срцето, враќање на вистината“.

Пепелта со која се пеплат верниците, потенцира Папата, нè враќа „во суштинската реалност на самите себе“, тоа е потсетување да го оставиме „оклопот што го покрива срцето“ и „маската на привидноста“ со која човекот останува празен и сув. „Ние сме прашина, нашиот живот е како здив, но Господ – тој и само тој, и ништо друго – не дозволува да исчезне; ја собира и ја обликува таа прашина, самите нас, за да не се распрснува од силните ветришта на животот и да не се раствори во бездната на смртта“.

Отстранувањето на сè што ја покрива внатрешноста и гледањето внатре овозможува „да се открие присуството на Бога, кој секогаш нè љуби“, додава папата Фрањо, „да се чувствуваме сакани од вечната љубов, со свесност дека сме прашина обликувани од Семоќниот“, прав од кој повторно ќе се издигнеме во бескраен живот кој отсекогаш бил подготвен за нас“. „А ако огнот на Божјата љубов гори во пепелта, која сме самите ние, тогаш откриваме дека сме создадени од таа љубов и дека сме повикани да сакаме: да ги сакаме браќата околу нас, да покажуваме внимание на другите, да бидеме сочувствителни, да покажеме милост, да споделиме што сме и што имаме со оние во потреба“.

Сфаќањето дека сме плод на Божјата љубов и дека секогаш ја чувствуваме, ни овозможува да не ги сведеме милостина, молитва и пост „на надворешни практики“, туку на „патишта што нè водат назад кон срцето, кон суштината на христијанскиот живот“, но исто така тоа ни дава можност таа иста љубов да ја „шириме во пепелта на бројни секојдневни ситуации“, за да се родат повторно „надежта, довербата и радоста“, рече Папата во својата проповед, која ја заврши велејќи дека во овие недели од Великиот пост мораме да и дадеме „простор на молитвата со тивко обожавање“ и да останеме во обожавање „слушајќи го Господовото присуство. „Богот на милоста и сочувството, Богот на простувањето и љубовта, Богот на нежноста и грижата“, како што го нарекува Анри Нувен, дозволува неговата љубов „да ги допре најдлабоките и најскриените длабочини на срцето“.

16 февруари 2024, 07:14