ҽ

JAPAN-QUAKE

Солидарност и молитва на папата Фрањо за земјотресот во Јапонија

Во телеграмата потпишана од кардиналот Паролин, папата Фрањо изразува жалење за жртвите, кои досега ги има околу педесет, од земјотресот што ја погоди јапонската префектура Ишикава, на западниот брег на земјата. Во исто време ги охрабри властите и спасувачите

Со силните земјотреси Јапонија добро знае и одамна научи да се справува. Но, земјотресот од 7,6 степени според Рихтеровата скала што го погоди Ишикава, на западниот брег на земјата, за жал предизвика материјални штети и многу човечки жртви, од кои, според досегашните информации, има 48.

Оваа трагедија предизвика голема тага кај Папата, кој во телеграмата потпишана од државниот секретар, кардинал Пјетро Паролин, ја вети својата солидарност со сите погодени од таа катастрофа, заедно - како што се вели во телеграмата - со духовна близина и молитва за загинатите, за оние кои жалат за нивната загуба, како и за оние кои трагаат по оние кои се водат за исчезнати.

Охрабрувањето и благословот на папата Фрањо се упатени и до цивилните власти и персоналот за итни случаи кои им помагаат на преживеаните - се вели на крајот во телеграмата.

03 јануари 2024, 09:50