ҽ

2023.05.23 Centenario nascita: don Lorenzo Milani e i ragazzi di Barbiana

Папата поттикна да се шири наследството на дон Лоренцо Милани

Папата Фрањо во понеделник 22 јануари 2024 година во Ватикан го прими Одборот за одбележување сто години од раѓањето на свештеникот од Барбијани, кој на последните и отфрлените им го врати достоинството, почитта, сопственоста на правата и државјанството, но пред се признавањето на Божјото синовство, кое нѐ вклучува сите нас“. Мотото „Се грижам“ (I Care), прецизира Папата, не е само „се грижам“, туку искрено „ми е грижа за вас“.

Благодарен за капиларното ширење кое Националниот комитет за одбележување сто години од раѓањето на дон Лоренцо Милани го спроведува за да допре до сите сведоштвото на тој свештеник, папата Фрањо го спомна неговиот карактер, верен на Бога и на Црквата и охрабри да не да бидеме рамнодушни и како Дон Милани да ја надминеме секоја форма на дискриминација и неправда.

Дон Лоренцо Милани, кој го осмисли училиштето во Барбијани, го наоѓа своето целосно исполнување во припојувањето кон Христос. Тргнувајќи од оваа папата Фрањо во својот говор се осврна на стилот на тој свештеник кој остави белег во историјата на Црквата и општество од минатиот век: „свештеник вљубен во Црквата, верен слуга на Евангелието на сиромашните“.

Дон Лоренцо целосно го живееше евангелското блаженство на сиромаштво и понизност, оставајќи ги своите буржоаски привилегии, своето богатство, своите удобности, елитистичката култура, за да стане сиромав меѓу сиромашните. Поради оваа одлука, тој никогаш не се почувствува омаловажуван, бидејќи знаеше дека тоа е негово послание, дека Барбијани е неговото место.

Наследството што го остави Дон Милани е големо и бара многу жртвување – истакна Папата, нарекувајќи го „немирен и вознемирувачки свештеник“, верен на Господ и неговата Црква. Поттикнувајќи ги членовите на одборот да ги поучуваат другите за ова наследство, тој се осврна на значењето на неговото најпопуларно мото, кое остана во историјата:

Мотото „Се грижам“ (I Care), прецизира Папата, не е само „се грижам“, туку искрено „ми е грижа за вас“, знак на љубов кон неговата мала заедница; во исто време тоа е порака што им ја остави на своите ученици и која стана универзална поука. Не поттикнува да не бидеме рамнодушни, да ја гледаме реалноста, да ги идентификуваме новите сиромашни и новото сиромаштво, да се зближиме со сите оние кои се исклучени и да ги земеме при срце. Секој христијанин треба да го направи својот дел во ова.

24 јануари 2024, 13:05