ҽ

Папата Фрањо во Аушвиц, 2016 година Папата Фрањо во Аушвиц, 2016 година 

Папата на Денот на сеќавањето на жртвите на Холокаустот: Омразата и насилството ја негираат нашата човечност

Папата Фрањо ги осуди омразата и насилството на Денот на сеќавањето на жртвите на Холокаустот, нагласувајќи ја важноста на сеќавањето во градењето мирна иднина.

Светиот Отец објави порака во сабота, 27 јануари 2024 година, по повод Денот на сеќавањето на жртвите на Холокаустот, во која истакна дека логиката на омраза никогаш не е оправдана.

https://www.youtube.com/watch?v=fWHvKYIW4WY

Бидете свесни, предупреди Папата во видео пораката, како започна тој пат на смрт, истребување и бруталност. Сеќавањето е израз на човечност и знак на цивилизираност, продолжи Папата во пораката.

Исто така сеќавањето е услов за подобра иднина во мир и братство, заклучи Римскиот епископ.

Папата Фрањо на платформа Х

Светиот Отец во објава на Платформата Х апелираше: Сежавањето и осудата на страшното истребување на милиони Евреи и луѓе од други вери, во текот на минатиот век, нека ни помогне да не заборавиме дека омразата и насилството никогаш не можат да се оправдаат, бидејќи тие ја негираат нашата човечност. #WeRemember

Омразата ја негира човечноста

За време на Генералната аудиенција во среда, 24 јануари 2024 година, папата Фрањо потсети за важноста на Денот на сеќавањето на жртвите на Холокаустот, кој се одбележува секоја година на 27 јануари.

27 јануари 2024, 16:48