ҽ

2023.12.04 Taize a Lubiana 2023

Папата до младите од Тезе: „Охрабрете се да градете поинаков свет“

Во пораката упатена по повод 46. Европска средба на Тезе, папата Фрањо ги поттикна младите да прифатат слушање и да искажат добредојде на оние што се на маргините на општеството.

Папата Фрањо упати поздрави до младите кои се собраа во Љубљана, Словенија, во организација на заедницата Тезе, „да се молат и да го споделат животот на локалното население и црковните заедници“.

Овогодинешната 46. Европска средба на Тезе, екуменска средба на млади од различни земји и конфесии, се одржува од 28 декември до 1 јануари и ќе се фокусира на темата „Патуваме заедно“.

Охрабрете се да градете поинаков свет

Во пораката што ја пренесе државниот секретар кардинал Пјетро Паролин, Светиот Отец ја истакнува можноста учесниците да го живеат „прекрасното искуство на пријателство со Бога и со другите“ како Црква и заедница.

Како „Тело на Воскреснатиот Господ присутно во светот“, младите се повикани повторно да ја откријат уметноста на слушање, чин на љубов што лежи во срцето на довербата. Во свет каде што конфликтите и војните постојано се појавуваат поради недостаток на слушање, Папата ги поттикнува младите „да се осмелат да изградат поинаков свет, свет на слушање, дијалог и отвореност“.

Работете за квалитетна преобразба

Предизвикот, вели тој, е „да работиме на квалитетна преобразба на нашиот живот во општествата“, посебно со избегнување на сите форми на „маргинализација, затворање, исклучување и отфрлање“ на различни категории луѓе.

На овој начин, рече Папата, младите луѓе можат да станат градители на „култури и религии за стабилен и отворен свет“.

Живејте како Исус

Тој ги охрабри да се обврзат да живеат како Исус, кој никого не исклучува, туку да се препознае Божјото присуство во оние кои се на маргините на општеството.

Кардинал Паролин го завршува своето писмо, уверувајќи ги младите дека папата Фрањо смета на нив и им верува и дека и Црквата ѝ верува“. Папата, рече кардинал Паролин, ги повикува со нивните зборови и дела „да упатат силна порака на нашиот свет, кој ги отфрла ранливите. Направете ги вашите соништа за љубов, правда и мир конкретна реалност... Не дозволувајте вашите соништа да бидат украдени и придонесете за „градење на општество достојно за името“.

29 декември 2023, 09:56