Скопје: Прославен прзникот на Пресветата Евхаристија
Во својата проповед бискупот Стојанов осврнуваќи се на читањата од празникот додаде: „На нашите олтари пред нашите очи се случува истото што се случило на Последната вечера и на Голгота. Таа тајна е голема на која длабоко се поклонуваме, бидејќи секогаш во Евхаристијата на дело е Бог кој така на тој начин не приближува кон себе да не соедини со себе и не направи учесници на божествената природа. Христијански начин славење на Евхаристијата и учествување и јадење од Евхаристичниот леб најинтимна средба е со Бога која се случува во историјата на оваа земја“, истакна бискупот Стојанов.
При крај на светата Литургија следеше процесија со Пресветата Причест во која учество зедоа сите верници присутни на светата Евхаристија. За време на светата Литургија пееше катедралниот хор под диригенство на Драган Георгиевски, а на оргули свиреше Кристијан Мирковски.
Бискупот Стојанов упати честитки до Сестрите Евхаристинки, кои се посветени на Пресветата Евхаристија. Сестрите Евхаристинки се основани 1889 година во Солун. Денес тие делуваат во Македонија и Бугарија, а на посебен начин се вклучени во Скопска бискупија и во Струмичко-скопската епархија.