Прославен патрониот празник „Свето Благовештение“ во Штип
На 07 април 2024 година, со света Литургија, предводена од Н.В.П. монсињор д-р монс. Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко-скопски епахр, беше прославен патрониот празник на црквата „Свето Благовештение“ во Штип.
Со бискупот Стојанов на Литургијата сослужуваа парох о. Тони Ангелов, ректорот на Светилишто во Паљурци и директор на Македонски Каритас д-р Зоран И. Стојанов, како и тројца свештеници, гости од Рим, припадници на конгрегацијата на светиот ред на Свети. Василие Велики: о. Луис Касијано, ректор на Папската украинска богословија во Рим, о. Дионизиј Заведјух, духовник при истата богословија и о. Јакив, секретар на Протоархимандридот на конгрегацијата на Свети Василие Велики од редот на Свети Јозафат.
На светата Литургијата покрај верниците од парохија во Штип, присуствуваа и и членови од црковното движење на фоколарите од Скопје и деца со посебни потреби од здружението „Порака“ од Штип.
Бискпуот Стојанов со пригодна проповед се осврна на делата и животот на Пресвета Богородица втиснат во нашите животи како и на потребата на луѓето од едно Светилиште кон Пресвета Богородица како што е Светилиштето на Пресвета Богородица Утешителка во Паљурци.
За време на сватата Литургија еден член од парохијта ги обнови Крсните завети и за прв пат во својот живот го прими Исуса Христа во Првата Света Причест.