Кардиналот Черни ќе го посети Јужен Судан
Кардинал Мајкл Черни ќе престојува во Јужен Судан од 2 до 9 февруари, по повод годишнината од Апостолската посета на папата Фрањо на таа земја. Префектот на ватиканската Дикастеријата за промовирање на целосен човечки развој за време на престојот ќе ги посети градовите Џуба, Малакал и Ренк. Програмата за патување е објавена преку соопштение за медиумите на официјалната веб-страница на Дикастеријата.
Кардинал Черни ќе ја предводи светата Литургија во Џуба на 4 февруари и на 8 февруари во Малакал, што се совпаѓа со Светскиот ден на молитва и размислување против трговијата со луѓе. За време на посетата на Ренк, град на границата со Судан, кардиналот ќе благослови брод наменет за превоз на мигранти и бегалци по реката Нил, од Ренк до Малакал.
За време на Апостолската посета во 2023 година Светиот Отец ја истакна важноста на единството и мирот. Папата беше придружуван од водачите на Англиканската црква и Шкотската презвитеријанска црква.
За време на неговата посета, папата Фрањо активно соработуваше со различни групи во Јужен Судан, вклучувајќи ги властите, верските водачи, граѓанското општество и раселените лица.