ҽ

2024.01.02 Prayer intention of Bishop Stojanov for January 2024 - Nord Macedonia

Молитвена накана на епископот Стојанов за јануари 2024: За единство на христијаните

Месечната молитвена накана за месец јануари 2024 година на Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов се однесува за единство на христијаните. Повикувајќи на молитва вели:

 

[ Video Embed: https://youtu.be/h8jbClay_5A?si=GxF-FBIOZp6O2RMt]

Поделбата на христијаните е рана на Телото Христово кое е Црквата. Господ Исус моли за своите ученици да бидат едно. Тоа е неговата волја.  

Затоа сакам да ве повикам во овој месец да молиме за единство на христијаните, да бидеме едно и според нашите можности секојдневно да придонесуваме за посакуваното единство меѓу нас христијаните, не гледајќи кон другиот со предрасуди, туку како на брат и сестра, полни со љубов. Неговиот Дух нека нѐ просветли за да можеме барем за момент да го почуствуваме страдањето и болките на мистичното Тело Христово предизвикано од поделбите и секој од нас нека го препознае сопствениот грев нанесен врз раните на Црквата Христова.

Да упатиме молитва до Господ, да бидеме едно, а Светиот Дух нека нѐ просветли и нека ги отвори срцата за да препознаеме дека заедно, како едно тело, можеме подобро и повеќе да ги поддржуваме нашите браќа и сестри во потреба и подобро можеме да сведочиме за нежната љубов Христова.

02 јануари 2024, 08:34