ҽ

2024.01.08 On the first day of Christmas, Bishop Stojanov served Liturgy in Nova Maala - Nord Macedonia

На првиот ден од Божиќ епископот Стојанов служее во Нова Маала

Во недела, 7 јануари 2024 година, кога Црквата торжествено го слави Рождеството Христово - Божиќ, Скопскиот бискуп и Струмичко – скопски епарх, монсињор д-р Киро Стојанов служеше Божиќна света Литургија во парохиската црква „Успение на Пресвета Богородица“ во Нова Маала

Во својата проповед епископот Стојанов божиќниот настан го пренесе во 21 век, споредувајќи ги околностите од витлеемскиот настан со денешните услови истакнувајќи дека тој суров настан некој таинствен пресверт го претвора во идила, речиси во бајка, мила приказна - која секој од дете до возрасен ја доживува на свој начин.

Во продолжение тој истакна дека ништо не е толку безнадежно и сурово како што тоа на прв поглед изгледа, а таа надеж доаѓа од Богомладенецот Христос, кој е потребен на секое семејство, на секоја заедница и општество, на целиот свет и додаде дека раѓањето на Исус, раѓањето на Синот Божји е светлина и смисла во која треба да се гледа вредноста на човековиот живот и секое зачнато дете.

Владиката Стојанов рече дека со раѓањето на Господ Исус Христос започна нова ера и тоа раѓање мора постојано да се случува во нашите души. Тој нагласи дека името на градот Витлеем значи куќа на лебот, а Христос таинствено е присутен во Евхаристијата, Христос е лебот кој слезе од небото, нашата духовна храна и ни се дарува и таинствено се раѓа при секоја Евхаристија и додаде: Како што се роди меѓу луѓето на Божик, тој сака трајно да се роди во нашите срца преку Евхаристијата.

Честитајќи го празникот Рождество Христово со поздравот Христос се роди, епископот Стојанов истакна дека Божиќ е покана и повик до секој христијанин да го прими Христос и да живее според Неговата љубов.

08 јануари 2024, 18:21