Епископот Стојанов присуствуваше на свечената седница на Советот на општина Струмица
На 11 декември 2023 година, на празникот Свети петнаесет Тивериополски свештеномаченици, заштитници на градот Струмица, Н.В.П. монс д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и Струмичко – скопски епарх присуствуваше на свечената седница на Советот на општина Струмица, која се одржа во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица.
Покрај епископот Стојанов и претставници на Католичката црква на свечената седница присуствува претставници на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, Евангелско – методистичката црква, претставници на дипломатскиот кор, на Владата и Собранието на Македонија, градоначалникот на Кукуш, претставници на Петрич, градоначалници и советници од други општини и гости од градот и поширокиот регион.
За животот, делото и значењето на Светите петнаесет Тивериополски свештеномаченици се обрати градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов.
На свеченоста беше доделена наградата „Свети 15 Тивериополски Свештеномаченици“ за 2023 година како признание на општина Струмица за посебни остварувања. Наградата за животно дело за 2023 година особен придонес во областа на спортот му е доделена на Горан Пандев.