ҽ

2024.01.22 Cardinale Matteo Zuppi, presidente Cei, introduzione consiglio permanente invernale stretto 2

Кардиналот Зупи разговараше со кинескиот претставник за евроазиски прашања за ситуацијата во Украина

За време на телефонскиот разговор меѓу Ли Хуи и кардиналот Зупи, кој минатата година во име на папата Фрањо ги посети Киев, Москва, Вашингтон и Пекинг во потрага по патишта за мир во Украина, беше изразена загриженост за актуелната ситуација.

Канцеларијата за печат на Светиот Престол соопшти дека во среда 14 август 2024 година имало телефонски разговор меѓу специјалниот претставник на кинеската влада за евроазиски прашања Ли Хуи и кардинал Матео Зупи, пратеник на папата Фрањо за потрагата по патишта за мир во Украина.

„За време на телефонскиот разговор е изразена голема загриженост за ситуацијата и е нагласена потребата од унапредување на дијалогот меѓу страните со соодветни меѓународни гаранции за постигнување праведен и траен мир“, се вели во соопштението

Потсетуваме дека кардиналот Матео Зупи, надбискуп на Болоња и претседател на Италијанската епископска конференција, како дел од својата мисија како пратеник на папата Фрањо за постигнување мир во Украина, од 13 до 15 септември 2023 година ја посети Кина, каде што беше примен во Министерството за надворешни работи и имаше средба со специјалниот претставник Ли Хуи. Посетата на Пекинг се случи по посетите на Киев, Москва и Вашингтон.

 

17 август 2024, 15:47