ҽ

2024.08.12 parolin pezeshkian

Кардинал Паролин и претседателот на Иран Пезешкијан разговараа телефонски

Државниот секретар кардинал Пјетро Паролин и новиот претседател на Иран, Масуд Пезешкијан, телефонски разговараа за прашања од заеднички интерес, при што кардиналот Паролин ја изрази длабоката загриженост на Светиот Престол поради ризикот од ескалација на војната на Блискиот Исток.

Во понеделник наутро, 12 август 2024 година, кардинал Пјетро Паролин, државен секретар на Светиот Престол, имаше телефонски разговор со Масуд Пезешкијан, претседател на Исламската Република Иран. 

Во разговорот со новинарите, директорот на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, Матео Бруни, рече дека кардиналот Паролин му честитал на новиот претседател, истакнувајќи дека разговарале за прашања од заеднички интерес.

Кардиналот Паролин ја изрази длабоката загриженост на Светиот Престол за случувањата на Блискиот Исток, повторувајќи ја потребата да се избегне, на секој можен начин, проширувањето на многу сериозниот конфликт што е во тек и наместо тоа да се вложат ги сите напори за дијалог, преговори и мир.

Апелите на папата Фрањо

Папата Фрањо постојано упатува апели за дијалог, мир и да се вложат сите напори за помош на страдалниците.

На крајот од Генералната аудиенција минатата среда, Папата рече дека со голема загриженост ја следи ситуацијата на Блискиот Исток и го повтори апелот до сите вклучени страни да не ескалира конфликтот и итно да се прекине со огнот на сите фронтови, почнувајќи од Газа, каде што хуманитарната ситуација е исклучително тешка и неодржлива, упатувајќи ја својата молитва „искрената потрага по мир да ги згасне расправиите, љубовта да ја победи омразата и одмаздата да се разоружа со простување“, рече Папата во својот апел на редовната генерална аудиенција во среда.

12 август 2024, 22:57