Папата: Проучувајте ја историјата, потсетувајќи se на минатото за да изградите братска иднина
Негувајте врска со претходните генерации
Иако го препознава трудот кој свештениците го посветуваат на проучувањето на историјата на Црквата, папата Фрањо го започнува писмото со охрабрување за негување на вистинска историска чувствителност кај младите студенти по теологија. Односно, јасно познавање на историската димензија на човечкото битие.
Никој не може вистински да знае кој е и што планира да биде утре, без да негува врска со генерациите кои претходеле.
Етичка одговорност, споделување и солидарност
Студијата – како што пишува Папата – го одржува жив пламенот на колективната совест, одвојувајќи се од личните сеќавања поврзани со личниот интерес или емоциите, без никаква вистинска врска со човечката и црковната заедница во која живееме.
Затоа, можно е да се исткае однос со реалноста што повикува на етичка одговорност, споделување и солидарност.
Црквата, мајка која треба да се сака таква каква што е
Папата Фрањо потоа цитира француски теолог кој вели дека проучувањето на историјата нè штити од еклисиолошки монофизитизам, односно од „премногу ангелска“ визија за Црквата која ги игнорира нејзините флеки и брчки.
Црквата, како и мајката, треба да се сака таква каква што е, инаку воопшто не ја сакаме или го сакаме само духот на нашата фантазија.
Таа учи од своите грешки и се препознава и во мрачните моменти, лекувајќи ги сопствените рани и раните на светот во кој живее.
Идеологии кои ги уништуваат оние кои се различни
Веќе во постсинодалниот апостолски поттик Christus vivit има поттик да не се верува на оние кои предлагаат „игнорирање“ на минатото и кои не го ценат искуството на постарите.
На таквите луѓе им е потребно да бидете празни, откорнати, недоверливи во се, да верувате само во нивните ветувања и да се потчинувате на нивните планови. Така функционираат идеологиите со различни бои, кои уништуваат (или деконструираат) се што е различно и на тој начин може да доминираат без спротивставување.
Опасноста од ад хок меморија
Клучот за читање на сегашноста е „дијахронија“, која одбива да се изедначи со „синхронија“. Оваа перспектива – забележува Папата – е итна за да се спротивставиме на бришењето на минатото и историјата или пристрасното историско раскажување. Проблемот станува уште посериозен ако однапред размислиме за внимателно и тајно подготвени приказни кои служат за градење ад хок спомени, сеќавања на идентитетот и исклучувачки сеќавања.
Судот е доверен исклучиво на социјалните мрежи
Меѓутоа, проучувањето на реалноста, минатото или сегашноста, не смее да се остави на наивни и опасни поедноставувања. Ако судот за „ужасните моменти“ и „многу мрачните луѓе“ се одредува преку медиумите, социјалните мрежи или само преку политички интерес, секогаш сме изложени на ирационален поттик на гнев или емоции.
На крајот, како што вели поговорката, „нешто надвор од контекстот служи само како изговор“.
Историјата на Црквата, меѓу вистината и „проблематичните“ имиња
Папата Фрањо потоа go споменува родолсовот на Исус, опишан во Евангелието по Матеј, составен од вистинска историја, каде што има некои имиња кои во најмала рака се проблематични. Исто така, Црквата не го занемарува фактот дека меѓу нејзините членови, свештенството и мирјаните, не недостасуваа луѓе кои не беа верни на Божјиот Дух.
Каков и да даде суд историјата за овие недостатоци, мора да бидеме свесни за нив и силно да се бориме против нив, за да не му наштетат на ширењето на Евангелието.
Да се сеќаваме за да одиме напред
Папата потоа охрабрува да не ги повикуваме луѓето да заборават. Настаните како што се Холокаустот, атомските бомбардирања на Хирошима и Нагасаки и бројни други катастрофи нè прават да се срамиме што сме луѓе. Тоа се спомените на кои треба да се потсетиме без анестезија, без да паднеме во искушението да ги отфрлиме со зборовите: „помина многу време“ и „треба да гледаме напред“.
Без сеќавањето никогаш не одиме напред, не можеме да растеме без целосно и светло сеќавање.
Ентузијазам и вклученост во проучувањето
Проучувањето на историјата на Црквата – забележува тогаш Светиот Отец – не смее да се ограничи на хронолошки пристап или на општ редукционизам неспособен за дијалог со живата реалност. Папата Фрањо ја нагласува и важноста да се едуцираат учениците правилно да бараат извори, учењето да го претворат во „ентузијазам и вклученост“. Неопходно е да се сведочи за оние кои низ историјата не можеле да дозволат нивниот глас да се слушне. Меѓу нив, Папата поттикнува да се откријат маченичките искуства.
Токму кога Црквата не триумфирала во очите на светот, ја постигнала својата најголема убавина.
Важна задача
Зборуваме за студија, а не за брборење, превртување или сечење и лепење содржини од интернет. Потребно е за да си поставиме прашања насочени кон наоѓање на смислата на животот без да паѓаме во „баналност“.
Тоа е вашата важна задача: да одговорите на парализирачките рефрени на културниот консумеризам со динамични и моќни одлуки, истражување, знаење и споделување.