ҽ

Pope Francis holds the weekly general audience, at the Vatican

Генерална аудиенција: Нема христијани од „втор ред“, секој има харизма која е корисна за сите

Во катехезата на генералната аудиенција во среда, 20 ноември 2024 година, папата Фрањо зборуваше за даровите на Светиот Дух и ги поттикна верниците повторно да ги откријат, бидејќи „тоа овозможува промовирање на мирјаните, особено на жените“, да се разбере „во нејзината библиска и духовна димензија“. Тој ги најави канонизирањата на блажените Карло Акутис и Пјер Џорџо Фрасати, за време на јубилејот 2025 година и рече дека на 3 февруари во Ватикан ќе се одржи светска средба за правата на децата на

Дојде моментот да зборуваме и за друг начин на дејствување на Светиот Дух во Црквата, а тоа е харизматското дејствување, рече папата Фрањо за време на катехезата  на плоштадот Свети Петар во Ватикан, која ја започна со цитат од Lumen Gentium, документ на Вториот ватикански собор кој вели дека „Светиот Дух не само што го осветува и го води Божјиот народ преку Светите Тајни и богослужбите, туку и дека го „дели на секој поединечно“ неговите дарови „како што сака“, цитира Папата и нагласи дека два елементи придонесуваат за дефинирање на харизмата:

Прво, харизмата е дар што се дава „за заедничка корист“ – да биде од корист за сите. Таа не е, со други зборови, примарно и вообичаени наменето за осветување на една личност, не, туку за ‘служење’ на заедницата. Тоа е првиот концепт, а вториот е: Харизмата е дар даден на поединец или на некои на посебен начин, а не на сите на ист начин. И тоа е она што се разликува од посветителната благодат, од богословските крепости и од Светите Тајни, кои, пак, се исти и заеднички за сите.

Цитирајќи понатаму од Вториот ватикански собор дека Светиот Дух, исто така, дели посебни благодати меѓу верниците од секој сталеж и ги прави способни да прифатат разни служби за добробит и пошироко градење на Црквата, Светиот Отец понатаму рече дека харизмите се накит, украси на Светиот Дух кој ги дели за да ја украси Христовата Свршеница.

Тој потсети и на зборовите на Бенедикт XVI дека секој што ја набљудува историјата може да ја препознае динамиката на вистинското обновување, кое често попримала неочекувани форми во движења полни со живот и што ја прави опиплива неисцрпната живост на Црквата, присуството и плодоносното делување на Светиот Дух.

И повторното откривање на харизмата води до тоа промовирањето на мирјаните, особено на жените, да се сфати не само како институционален и социолошки факт, туку и во неговата библиска и духовна димензија.

Мирјаните не се некакви надворешни соработници или помошни единици на свештенството, не, туку имаат своја харизма и дарови со кои можат да придонесат во посланието на Црквата.

Тој додаде дека во тој контекст мора веднаш да го отфрлиме погрешното сфаќање да се поистоветуваат со зачудувачки и извонредни дарови и способности. Тоа, објасни Папата, се обични дарови кои добиваат исклучителна вредност доколку се вдахновени од Светиот Дух и се воплотени во животни ситуации со љубов. Ваквото толкување на харизмата е важно, бидејќи многу христијани, кога се зборува за тоа, доживуваат тага и разочарување, затоа што се убедени дека ја немаат и се чувствуваат исклучени или христијани од втор ред.

Тука се открива тајната – ја заврши катехезата папата Фрањо – зошто апостол Павле ја дефинирал љубовта како најдобар пат. Таа ми дава да ја сакам Црквата, заедницата во која живеам и, во единство со сите харизми, не само некои. Тогаш, имено – продолжи тој – мојата харизма, дури и да изгледа дека е нешто мало, им припаѓа на сите и за доброто на сите. Љубовта ги умножува харизмите; ја прави харизмата на еден, да биде харизма на сите.

На крајот, Папата ги објави датумите на двете канонизации: Следната година, за време на Светскиот ден на децата и адолесцентите од 25 до 27 април, блажениот Карло Акутис ќе биде прогласен за светец, а за време на Светскиот ден на младите, од 28 јули до 3 август, блажениот Пјер Џорџо Фрасати. Оваа вест беше поздравена со голем аплауз на централниот плоштад во Ватикан. Меѓу нив беа децата и организаторите на уште еден важен настан кој наскоро ќе се одржи во Ватикан, кој е закажан за 3 февруари: Светската средба за правата на децата на тема: „Ги сакаме и ги штитиме“. Непланирано и неочекувано, 20-тина од тие деца дојдоа кај Светиот Отец, кои го поздравија и разговараа со него.

Папата зборуваше и за вчерашните 1000 дена конфликт во Украина. Повторно повика оружјето да отстапи место за средба и дијалог, велејќи дека војната во Украина е срамна катастрофа за целото човештво. После тоа, тој прочита писмо од еден украински студент кој меѓу другото пишува дека би сакал да избега од војната и да се врати како дете прегрнат од мајка му, а на Папата му порача: Кога ќе помислиш на нашата земја, сети се не само на страдањето, туку и на љубовта.

 

20 ноември 2024, 21:24

Последни Ауденции

Прочитајте сé >