ҽ

Pope Francis heads to Luxembourg and Belgium on trip to 'the heart of Europe'

Папата Фрањо го започна своето патување во земјите на Бенелукс

На 26 септември 2024 година Светиот Отец го започна своето 46-то апостолско патување, при што ќе посети две мали европски земји - Луксембург и Белгија.

Околу 08:00 часот по средноевропско време, Папата пристигна од Ватикан на аеродромот Фиумичино во Рим, од каде полета на првата етапа од своето ходочестие во Луксембург. Посетата на оваа земја ќе биде еднодневна. Ќе се одржи под мотото En route, avec Espérance (На пат со надеж).

Пред тоа, вечерта на 25 септември, Папата ја посети Римската базилика Света Марија Велика за да го довери патувањето под заштита на Богородица со молитва пред иконата на Богородица - Salus Populi Romani. .

Летот со авионот А320 Нео на италијанската авиокомпанија ИТА Ервејс ќе трае околу два часа. На овој лет ќе помине 1170 километри во воздух на териториите на пет земји - Италија, Австрија, Германија, Белгија и Луксембург.

Светиот Отец ќе слета на меѓународниот аеродром Финдел околу 10.00 часот. По кратката церемонија на пречек, ќе има куртоазна посета кај големиот војвода од Луксембург, ќе се сретне со премиерот на државата, претставници на владата, граѓанскиот сектор и дипломатскиот кор, на кои и ќе им се обрати.

Светиот Отец попладне ќе се сретне со католичката заедница во Луксембург. Средбата ќе се одржи во катедралата Прества Богородица. По обраќањето до локалните верници и свештенството и кратката проштална церемонија на аеродромот Финдел, Светиот Отец ќе замине за Белгија. Главните средби во рамките на посетата на таа земјава ќе се одржат на 27 септември.

26 септември 2024, 10:12