ҽ

Israel continues strikes on southern Lebanon Israel continues strikes on southern Lebanon  (ANSA)

Папата Фрањо: Ситуацијата во Либан е неприфатлива; престанете со оваа страшна ескалација

На крајот од Генералната аудиенција одржана на 25 септември 2024 година на плоштадот Свети Петар, петстота од неговиот понтификат, папата Фрањо упати апел за земјата на кедровите погодена од израелските напади во кои животот го загубија повеќе од 500 луѓе: меѓународната заедницата треба да вложи максимални напори да ги запре тензиите.

За папата Фрањо е неприфатлива ескалацијата која со денови трае во Либан, каде што израелските напади врз Хезболах досега предизвикаа повеќе од 550 жртви, цивили и деца. И додека во Бејрут се бројат загинатите, во Тел Авив се слушаат сирени, а либански проектили паѓаат јужно од Хаифа и други области на Израел, од плоштадот Свети Петар, на крајот од Генералната аудиенција, пристигнува апелот на Папата.

Ожалостен сум поради веста која доаѓа од Либан, каде во последните денови интензивното бомбардирање предизвика многу жртви и разурнувања.

Запрете ја оваа страшна ескалација

Папата Фрањо се надева дека меѓународната заедница ќе направи сѐ за да ја спречи оваа страшна ескалација. Ова е неприфатливо! – рече Папата, уште еднаш изразувајќи ја својата близина со населението кое со години е погодено од политичка, економска и социјална криза која изгледа без решение, како и од последиците од драматичната експлозија во пристаништето Бејрут во 2020 година.

Ја изразувам мојата близина со либанскиот народ кој веќе претрпе премногу во блиското минато.

Молитви за луѓето погодени од војна

Од Земјата на кедровите, Папата се осврна на другите области и население погодени од бруталноста на конфликтите. Папата се моли за нив и поттикнува на молитва:

Да молиме за сите, за сите народи кои страдаат од војни: за страдањата во Украина, Мјанмар, Палестина, Израел, Судан, за сите народи кои страдаат. Да молиме за мир.

Трагедијата на конфликтот во Украина

Папата ја спомена и напатената Украина во поздравот до полските верници, потсетувајќи ги на воената трагедија што ја погодува таа земја повеќе од две години, како и на поплавите што ја опустошија Полска, ги повика да не дозволат да бидат совладани од себичност и рамнодушност:

Со Божја помош, солидарно поддржете ги настраданите и сиромашните кои често немаат надеж.

Патување во Луксембург и Белгија

Пораката на надеж ќе биде онаа што ќе ја испрати римскиот бискуп од утре, 26 септември до недела, 29 септември, со патување во Луксембург и Белгија од срцето на Европа. Тоа ќе биде меѓународно патување, по неодамнешниот долго ходочестие во Индонезија, Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур, за што папата Фрањо побара духовна придружба од верниците:

Моето утрешно патување во Луксембург и Белгија го доверувам на вашите молитви, како можност за нов занес на верата во тие земји.

25 септември 2024, 21:49

Последни Ауденции

Прочитајте сé >