ҽ

2024.09.18 Udienza Generale

Генерална аудиенција: Видов жива и радосна вера во Азија и Океанија

За време на Генералната аудиенција во среда 19 септември 2024 година, папата Фрањо се осврна на неговото неодамнешно апостолско патување во Азија и Океанија и ја пофали живата и радосна вера и сведоштво на Црквите во Индонезија, Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур.

„Црквата е многу поголема и пожива!

Папата Фрањо за време на Генералната аудиенцја во среда на плоштадот Свети Петар зборуваше за неговото неодамнешно 45-то апостолско патување во странство поточно во Индонезија, Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур.

Во своето обраќање Папата му се заблагодари на Бога за дарот на ова патување, при што истакна дека воодушевен „сретна многу големи и живи христијански заедници“.

По стапките на Павле VI

Светиот Отец потсети дека меѓу Папите од модерното време, папата свети Иван XXIII. бил првиот што го напуштил Ватикан и патувал со воз до Асизи и Лорето, но папата Свети Павле VI. беше првиот што се осмели да патува „со авион“.

Тој потсети дека во 1970 година Павле VI. стана првиот Папа што полета „кон изгрејсонцето“, при што ги посети Филипините и Австралија, посетувајќи и неколку азиски земји и островите Самоа.

„Се обидов да го следам неговиот пример, но со нешто повеќе години отколку што имаше тој во тоа време, ја ограничив мојата посета на четири земји: Индонезија, Папуа Нова Гвинеја, Источен Тимор и Сингапур“, рече Папата.

„Му благодарам на Господа“, продолжи тој, „кој ми даде можност како стар Папа да го направам она што сакав да го направам како млад Исусовец!

Папата призна дека Црквата останува премногу евроцентрична или, како што велат, „западна“, истакнувајќи дека таа е многу поголема од кој било географски регион.

Откако помина некое време со заедниците и ги слушаше сведоштвата на свештениците, монахињите, мирјаните и катехистите, Папата ги пофали овие Цркви кои растат „не со прозелитизам“, „туку со привлечноста“.

Индонезија

Светиот Отец потсети дека околу 10 отсто од населението во Индонезија се христијани, а околу 3 отсто се католици.

„Но, она што го сретнав е жива, динамична Црква, способна да живее и да го пренесува Евангелието во таа земја, која има многу благородна култура склона да ги помирува разликите, а во исто време има најголемо муслиманско присуство во светот“.

„Вера, братство, сочувство“ беше мотото на посетата на Индонезија“, рече тој. „Преку овие зборови Евангелието секојдневно на конкретен начин влегува во животите на овие луѓе, прегрнувајќи и нудејќи им ја благодатта на Исус кој умре и воскресна.

Папата рече дека овие зборови се „како мост“ и „како подвозник што ја поврзува катедралата во Џакарта со најголемата џамија во Азија“.

„Таму видов дека иднината е во братството“, да се работи за мир и против војната.

Папуа Нова Гвинеја

Осврнувајќи се на Папуа Нова Гвинеја, Светиот Отец рече дека таму ја видел „убавината на мисионерската црква“. Се потсети на мисионерите и катехистите на архипелагот кој се протега кон пространствата на Тихиот Океан.

„Моето срце беше среќно што бев со денешните мисионери и катехисти извесно време; и бев трогнат слушајќи ги песните и музиката на младите: во нив видов нова иднина, без племенско насилство, без зависност, без економски или идеолошки колонијализам; иднината на братството и грижата за убавата природна средина“.

Папуа Нова Гвинеја, рече Петровиот наследник, може да послужи како „лабораторија“ за овој модел на интегрален развој, вдахновен од „квасецот“ на Евангелието.

Источен Тимор

Осврнувајќи се на Исочен тимот, најкатоличката земја во Азија, Папата призна дека, како и папата свети Иван Павле II., ја потврди плодната поврзаност меѓу религијата и културата.

„Но, пред сè“, рече тој, „Бев восхитен од убавината на тие луѓе: народ искусен, но радосен, народ мудар во страдањето. Народ кој не само што раѓа многу деца, туку и ги учи да се насмевнуваат“.

„Никогаш нема да ги заборавам насмевките на децата“, рече Папата.

Светиот Отец ја изрази својата радост што видел толку многу деца и рече дека дишел „пролетен воздух“, слушајќи ги сведоштвата на младите на многу активната Црква во земјата.

Сингапур

На крајот, Папата зборуваше за модерниот економски центар, Сингапур.

И покрај тоа што христијаните таму се малцинство, ги пофали дека формираат жива Црква, посветена на создавање хармонија и братство меѓу различните етнички групи, култури и религии.

„Дури и во богатиот Сингапур има „мали“, истакна тој, „кои го следат Евангелието и стануваат сол и светлина, сведоци на надеж поголема од онаа што може да се гарантира со економски придобивки“.

Светиот Отец заврши благодарејќи му на Бога за патувањето и упатувајќи апостолски благослов до сите што ги посети.

18 септември 2024, 15:50

Последни Ауденции

Прочитајте сé >