Папата до новинарите во авионот: Ова е моето на?долго патува?е
Осумдесет новинари од целиот свет го придружуваат Светиот Отец во Индонези?а, Папуа Нова Гвине?а, Источен Тимор и Сингапур. Откако ги поздрави екипажот и членовите на придружбата, Папата се упати кон задниот дел на авионот и го зеде микрофонот во раце. ?Ви благодариме што до?довте на ова патува?е. Ви благодарам за вашето друштво, мислам дека ова е моето на?долго патува?е“, им порача то? на новинарите и снимателите. Секого лично го поздравил, а му подариле неколку писма и подароци. Ме?у нив е и подарок од Кина донесен од новинарката Стефани?а Фаласка – репродукци?а на стела или плоча од Кси?ан ко?а датира од 635 година и сведочи за христи?анските заедници во Кина. Откако го прими подарокот, Светиот Отец ?а прегрна плочата.
Дописникот на француската агенци?а АФП, Клемент Мелки, беше испратен да ?а следи работата на невладината организаци?а ? Mediterranea Saving Humans“, а на Светиот Отец му подари факел, еден од многуте со кои бегалците го нао?аат патот на отворено море или бараат помош среде бродолом. ?Тоа ми е на срцето“, рече Папата, ко? посто?ано повикува на делува?е во врска со трагеди?ата на мигрантите.
Потоа новинарката на шпанското Радио Копе, Ева Фернандез, го сврте вниманието на семе?ството на 11-годишниот Матео, момче од град во близина на Толедо, ко? беше убиен во август за време на игра со при?ателите. Се претпоставува дека убиецот бил млад човек од истиот регион ко? боледува од психичко растро?ство. Случа?от предизвика голема бура во зем?ата, откако некои политичари ги обвини?а мигрантите кои биле примени во хотел во близина на убиството. Семе?ството на жртвата отсекогаш ?а негирало таа верзи?а, но започна ?авна дебата за правилата за прифа?а?е. Новинарката Фернандез му ?а донесе црвената фудбалска облека на Матео на Папата, а то? ?а слушна приказната и ?а благослови. Со себе го понесе и писмото од ма?ката на Матео.