Папата Фра?о се сретна со аргентинскиот претседател Милеи
Претседателот Хавиер Херардо Милеи и папата Фра?о накратко се сретнаа во недела, 11 февруари 2024 година, на маргините на свечената света Литурги?а, ко?а ?а предводеше Папата во базиликата Свети Петар. За време на светата Литурги?а, Папата ?а прогласи за светица Мари?а Антони?а од Сан Хозе де Паз и Фигуероа, позната во светот како Мама Антула, со што стана првата аргентинска светица.
Во понеделник, 12 февруари 2024 година, Папата, ко? е од Аргентина, го прими претседателот на Аргентина на приватна аудиенци?а во Апостолската палата. Претседателот Милеи беше придружуван од неговата сестра Карина Милеи, ко?а е генерална секретарка во Претседателството на Аргентина.
Новоизбраниот претседател положи заклетва на 10 декември 2023 година.
Канцелари?та за печат на Светиот Престол издаде соопштение во кое се вели дека претседателот Милеи потоа се сретна со државниот секретар на Светиот Престол, кардинал П?етро Паролин и секретарот за односи со државите и ме?ународните организации надбискупот Пол Ричард Галагер.
За време на срдечните разговори, кои се одржаа во Државниот секретари?ат, беше изразена благодарност за добрите односи ме?у Светиот Престол и Република Аргентина и вол?ата за нивно дополнително унапредува?е, се наведува во соопштението.
Според соопштението, соговорниците потоа разговарале за програмата на новата Влада за справува?е со економската криза. Вниманието потоа било фокусирано на различни теми од ме?ународен карактер, посебно на актуелните конфликти и посветеноста на мирот ме?у народите.