ҽ

2023.12.23 Lettera di Natale di mons. Dott. Kiro Stojanov

Бискупот Стојанов оствари средба со директорот на КОВЗРГ Трајковска

Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов, во понеделник 23 септември 2024 година, во бискупската резиденција на Водно, ја прими во посета г-ѓа Оливера Трајковскa, директор на Комисијата за односи со верски заедници и религиозни групи (КОВЗРГ).

Во таа прилика бискупот Стојанов и ја честиташе на г-ѓа Оливера Трајковска доверената раководна служба во КОВЗРГ, посакувајќи ѝ Божји благослов.

Во пријатна и срдечна атмосфера беше истакната досегашната континуирана добра соработка помеѓу Католичката црква и Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи со желба таа да продолжи и во иднина со нови идеи и иницијативи. Сите важни прашања од доменот на верскиот и општествениот живот кои ги засегаат и двете страни, заеднички ќе бидат разгледувани и решени, а заедничките одлуки ќе се имплементираат за заедничко добро на сите.

На средбата беше разговарано за сите значајни моменти од мозаикот на верскиот живот во Македонија. Католичката црква како дел од тој мозаик дејствува во насока на градење квалитетни и трајни врски со останатите верски заедници.

На крајот од средбата бискупот Стојанов на г-ѓа Оливера Трајковска, директор на КОВЗРГ, ѝ ја подари монографијата „25 години епископство на монсињор Киро Стојанов“.





25 септември 2024, 21:15